го (зам.) - проучи (гл.)

Се запознавме во Дармштад 1958 година.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, сите текстови се оптимистички, со позитивен дух и отвореност кон иднината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ширењето на сопствените учења и идеи за Кејџ никогаш не беше постапна и лесна работа бидејќи неговите концерти и предавања неретко завршуваа со сканда­ли, што денес на оние кои го проучуваат и познаваат им изгледа чудно и беспричина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- И не чекајќи одговор, продолжи: - Да потсетам: не некој друг, туку јас бев тој, кој го проучи и образложи целиот план за маневарот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Навикнати на вакви саеми, во експонатите тие го проучуваат само она што претставува напредок, новина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На овој саем сретнав многу стручњаци од „Треска“, архитекти и инженери, кои беа дојдени да го проучат врвното во производството на мебел за да можат да пренесат и кај нас и во наши услови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имаше време да го проучи секој детаљ од нејзината рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така е, Камилски, ние треба да го проучиме опстанокот на полиглосијата во османското минато, како и опстанокот на османските зборови во денешните османски идиоми? предложи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите што сме собрани тука имаме по еден Патрокло потопен во конечната осама, што безгласно тежи по сонцето, под кое би надничел деноноќно само повторно да го проучува допирот на зракот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Навистина, ова се ограничувања кои поставуваат големи барања, но тешко е да се види како инаку она што истражувачите туѓинци го проучуваат, би претставувало јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Би можел да сугерирам, иако за тоа во овој случај нема да расправам, дека помеѓу овие ограничувања би можеле да бидат и следниве: доколку нешто е јазик, тогаш тоа е такво што некој лингвист-туѓинец би требало да може да ја реконструира неговата граматика врз основа на набqудувањето на праксата на неговите корисници, а некој антрополог-туѓинец би требало да може од истите практики да го реконструира јадрото на нивните световни верувања.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Социологот којшто одбрал да го проучува својот сопствен свет во неговите најтесни и познати аспекти не би требало, како што би го направил тоа етнологот, да го одомаќи егзотичното, туку, ако можам да спекулирам со изразот, да го егзотизира одомаќеното, со прекинување на сопствениот интимен однос со начините на живот, кои дури остануваат непознати за него бидејќи се премногу блиски.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во таа смисла, методите на деконструкција се методи кои “го егзотизираат одомаќеното”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Инженерите и теоретичарите ги користат Њутновите закони коишто се адаптирани за релативноста за да го проучуваат ова хаотично движење кое настојуваат да го избегнат, т.е. да му ја “фатат” структурата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овој феномен бил познат и во антиката и е наречен „Орфеев ефект“ кој ете, и јас го осознавам, го откривам, ќе го проучам, ќе го запишам и на идните поколенија ќе им го оставам“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најпосле стасаа до пределот каде што била забележана мечката и Стивенс го проучи теренот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И полковникот Жино сакаше што повеќе да остане во манастирот, што повеќе да ужива во оваа убавина и што подетално да го проучи прекрасниот живопис, прекрасното сликарство на црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Татко кој често и неочекувано се препушташе на фугите на егзилот, верувајќи дека во постојаниот бег се крие спасот на семејството, неретко одеше на железничката станица во Скопје да го проучува возниот ред на возовите кои го напуштаа Балканот, знаејќи дека нема никогаш да отпатува со ниту еден од нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За научникот можеби и не постои поголем идеал отколку да го проучува овој живо разбранет универзум на животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Уште одамна Мил сакаше да појде и да престојува кај некој активен вулкан во светот за да го проучува ова прашање, да дојде до некои непосредни податоци за катализаторите што го помагаат овој процес и што би му помогнало полесно да ја оствари целта.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Иако е ризично, не го буди за да го проучува и експериментира.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)