го (зам.) - пропушти (гл.)

__ 54) Јаворов Пејо - бугарски поет, кој две години одел со четата на Гоце Делчев; 55) “Смрт или слобода“ - илегален весник на Тајната внатрешна македонска револуционерна организација; 56) заптија - турски полицаец; 57) Вода чекам - јавка, чекам човек; 58) Пријатели - јавка од тие луѓе; 59) Чичко Чанко чука - јавка, да го пропуштат; 60) Димитар Гуштанов и Ѓорѓи Бродлијата - војводи револуционери; 61) Димо аџи Димов - виден револуционер, социјалист; 62) аскер - турска војска;
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во слободната татковина, како море се лулеат златните жита.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој најревносно се забавуваше. Како да сакаше да го надокнади сето она што го пропушти!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Горда го пропушти, како инкасатор што дошол да чита струјомер, и тргна по него без збор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прозорецот на седми кат се отвора За да го пропушти јатото исплашени птици.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Работодавачот е должен да донесе одлука по приговорот во рок од 8 дена од денот на поднесување на приговорот, а доколку го пропушти овој рок или работникот не е задоволен од донесената одлука, има право да поведе работен спор пред надлежниот суд во рок од 15 дена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И кога тој ги одминува, долго гледаат во задниот вагон кој станува и подалечен и помал.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Саздо и Сане подзастануваат на крајот од пругата, го пропуштаат возот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
„Ѕидот паѓа еднаш во животот, кретену!“ му рече пијаниот тапанар, а басистот, посмирен по природа, го убедуваше дека не смее да го пропушти концертот на Пинк Флојд.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Иван пак, Никифорович, ви ја дава право в раце својата табакера и ви вели: „Земајте“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како Иван Иванович, така и Иван Никифорович не ги сакаат стениците и никако нема да го пропуштат Еврејчето трговец, а да не купат од него еликсири против тие инсекти во различни шишенца, откако претходно добро ќе го искараат зашто тој ја исповеда еврејската вера.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие се познаваат, се смешкаат, те шмекаат и по двапати го пропуштаат лифтот ѓоамити гледаат во мојот излог и чекаат да дигнам поглед од компјутерот за да ми се насмевнат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Многу се познати. Прави ѕвезди! Филмо се вика „Maytime”. Ако дојди Битола, да не го пропуштиш! Земи го Атинчето со тебе.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ова беше вторпат во последните три недели како го пропушта собирањето во Општинскиот центар: непромислена постапка, секако, затоа што беше повеќе од сигурно дека отсуството на секој член внимателно се евидентира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да не го пропушти моментот кога ѝ е потребен?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Стражарот го пропушти да влезе и му го предаде на друг, овој на трет, дури најпосле не се најде во една од големите чекалници на Великиот везир и седна на еден од меките дивани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На Змеица, баш под Соколот, окопите беа одвај на дваесет триесетина метра отстојание едни од други, бидејќи врвот на чуката доминираше на десетина дваесет километра околу, та не смееше ниеден од непријателите да му го пропушти на другиот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го пропушти да влезе, а тој, надвадувајќи ги своите мртви нозе, ја повлече со себе и ја затвори вратата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Мојот бакшиш од Ѓурѓовден на Ѓурѓовден - ми го пропушта Кадрија спремниот одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќе мора да попричекаат. - А што празнуваш денес? - го прашувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Каде е учителката?“ „Ќе се врати.“ „Нека побрза, инаку ќе го пропуштиме!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Си го пропуштил првиот дел од шоуто, нели?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш си доаѓал.” M Не, туку тогаш ги набивав во шише, ко бродови ко краставици, моите стари пријатели Мижираб и Мирикул.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секое утро да се будам во пет до седум за да не го пропуштам автобусот број 167 (Teaneck road via New York, Grand Central Terminal).
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лиминални Постлими­ Предлиминални нални Гранична виза надзор проверка Слика 1: Границите како преодни обреди Границата има дискрециона функција: таа го исклучува опасното и го пропушта безбедното.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Престани! „Што?“ прашав, сѐ уште бесполезно туркајќи како да не те слушнав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ох, Боже!“ ти крикна, кревајќи се. „Што е тоа?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Затоа и брзав, за да не го пропуштам, - рече таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како да претстоеше да се случи нешто што тој не би сакал да го пропушти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Спокојно стана, се истушира и реши да ја изведе својата дневна полчасовна медитативна вежба, нешто што вчера го пропушти поради патувањето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Верува дека нема да го пропушти, во тоа неговиот творечки дух насетува прикаска, но тој е автор кој, прво, пишува за свое задоволство и, второ, сака да си постави мамка на која ќе се фати за да може добро да влезе во играта и успешно да исплива од неа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)