го (зам.) - примени (гл.)

Бојс имал намера овој принцип да го примени „не само на уметничките форми, туку и на општествените, правните или економските форми па дури и на земјоделските... или образовните проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уметноста, според Бојс, истовремено е процес на самоизлекување и општествено исцелување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што е „затврднато“, како згуснатата маст или восок, ќе го омекне топлината на уметникот за да му даде еден почовечен облик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
8.  Второстепениот суд може да ја укине пресудата и кога странката бара нејзино преиначување, а може да ја преиначи пресудата иако странката бара таа да се укине (чл. 355, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд, со [своја] пресуда, ќе ја преиначи првостепената пресуда, ако: 1) врз основа на расправа, утврдил поинаква фактичка состојба од онаа што е утврдена во првостепената пресуда; 2) првостепениот суд погрешно ги оценил исправите или посредно изведените докази, а одлуката на првостепениот суд е заснована исклучително врз тие докази; 3) првостепениот суд, од фактите што ги утврдил, извел неправилен заклучок за постоењето на други факти, а врз тие факти е заснована пресудата и 4) смета дека фактичката состојба во првостепената пресуда е правилно утврдена, но дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право (чл. 361, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд, со пресуда, ќе ја преиначи првостепената пресуда, ако смета дека фактичката состојба во првостепената пресуда е правилно утврдена, но дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право (чл. 361, ст.1, ал.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овој резултат имаше огромна важност во филозофијата на матема-тиката, но некои филозофи, на пример Лукас, се обидоа да го применат и во филозофијата на умот, тврдејќи дека тој резултат покажува дека машините не можат да мислат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Овие третмани трагаат по зголемување на успесите на биомедицинската наука кои моделот на испитување на физичките науки го применуваат на разбирањето на биолошките системи на телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сличен е утопистичкиот, „хлебниковски“ профил на јунаците, „замаени типови“ како Нуне Волта (Ордени), кои сакаат да го применат светот со лоша поезија, а многу поуспешни се оние, стилски слични но животно уверливи, примери од „срзовската“ ставарност, во духот на Чинго, од расказот Народната власт.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа е класичен пристап, и него Ренџов го применува често, како во расказите „за животни“ Глувче, Кучката, Чувар на сонот, или и во расказот за старите чевли Грев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Има ли предизвик што не си го применила?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Заедно учевме и другарувавме“ Овој податок дробната жена го прими без да го примени изразот на лицето и пак ништо не рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја играм играта како што сите велат дека треба, а тоа никој не го применува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Медицинскиот модел е заборавен од страна на многу медицинари што го применуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Насекаде околу нас се јавуваат состојби на ментална несреденост, конфузија, длабоко незадоволство и страдање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој метод го применува и кај Калчо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ритуалниот механизам на интеграцијата и понатаму живее во секуларниот углед што оваа уметност сега го има и го применува, така што низ аурата на “возвишен”, “чист”, “единствен” која ги опкружува делата, а која низ поимот за оригинал продира во временската свест, уметникот е ставен во ранг на суштество слично на бога, а уметничкото дело станува скапоценост.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Франц КАФКА (1883, Прага, Австро-Унгарија – 1924, Виена, Австрија).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се смета за маестро на формата и на стилот, кој на единствен и оригинален начин го употребува англискиот јазик и (особено во романите) го применува до совршенство методот на созвучност и асоцијативност на литерарниот исказ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)