Додека Декарт ги користи машините произведени од човек за да го прикаже моделот на тело, Спиноза не нуди никаков модел на тело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Човековото индивидуално тело за него е составено од многу делови коишто имаат своја индивидуалност, што дозволува плуралитет на неговите идентитети.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, за чудење, оваа инспекција во случајов реагираше во корист на новата директорка и прекршувањето на правото на Зефиќ de iure беше „озаконето“!?.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Револтирана од ова, Зефиќ вели дека „оваа инспекција кај нас за џабе постои“ и со право констатира дека трудовите инспектори, при било каква реакција од работник, само одат кај директорите „на посета и муабет“, попатно го бараат досието и божем прават записник – а сѐ со цел да го прикажат во нивните извештаи и да покажат дека нешто работат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Жан Ложје, француски поет и актер Романот Времето на козите е прекрасна романсирана сатира, потхранета со семејни сеќавања и искуства, којашто добива фантазмогоричен карактер а ла Свифт, толку способна да го прикаже иреалниот и бурлескен карактер на секоја диктатура..
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ако ние немаме спутник, или електронски машини, робот-механизми или сирхорама, секако имаме друго да изложиме, токму она што го прикажуваат и технички најразвиените земји, од кои ќе може да се види повоениот развиток на нашата земја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Наративна уметност (фотоси што го прикажуваат секодневниот живот на уметникот) итн.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Вистинскиот симбол“, пишува Хегел во Естетиката, „е во себе загадочен дотолку што надворешноста низ чиј што пат значењето треба да стигне до своето расветлување, сѐ уште останува различна од значењето што треба да го прикаже, па затоа симболот е подложен на двојност, и во таа смисла треба да се третира ликот. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 245
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
“Оној кој на месото му вдахновува топлина” всушност; но, ако субјектот е “l’enfant qui tete”, момче кое цица, зарем не се работи за христијанскиот Господ, кој традиционалната иконографија обично ни го прикажува прилепен за градите на Богородица?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Смртта на неговиот јунак и неговото гадење (односно сопствената смрт и сопственото гадење) за авторот не се доволни причини светот да го види или да го прикаже грдо.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Актуелноста на овој исклучителен уметник последните години и месеци е проследена и со неколку книги и неколку значајни изложби кои го прикажуваат Гринавеј во уште покомплексна светлина. 34 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Навистина, кабалата се темели на комбинација на бројки и букви, кои на ликот наречен “небесно тркало”, кое го прикажал Енел (Трилогиите de la Rota ou Roue Celeste, Lyon, P. Derain, 1960), се мрдаат токму кружно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Што мислиш за болката на Синот Спасител Положен на одарот што човекот го смисли За да го прикаже достоинството на смртта?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Неколкутемина што го здогледаа, описно го прикажаа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Прозорецот од куќата од кој до пред малку ме гледаше, стои на исто место.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога повторно наидува бранот сеќавања забележувам дека погледот на мајка ми не го користи веќе пространството помеѓу нас за да ми се приближи туку за да ми го прикаже нашето оддалечување еден од друг.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од неговите претпоставки, иако претставувани како недоразјаснети гатанки, произлегуваше дека е спремен дури и да ја оправда постапката на Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А на мојата божемна конференција само се обидов да го прикажам она што ни се беше случило долу, на патот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па сепак, реков:„Можеби имаш право, можеби моето прикажување ти заличило на конференција!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив: се труди да го прикаже Ѓурчина недолжен дури и ако учествувал во овој настан. (Тоа најмногу ме изненади).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А мори, стрино, не е ѓаволот толку црн колку што го прикажуваат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во самиот свој стремеж да ја издигне буржоазијата, мелодрамата ризикувала да го унижи самиот трагичен жанр.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одвреме-навреме, во кино Кастро, во јадрото на едно од геј-маалата на Сан Франциско, ќе го прикажеа филмот Жените од Џорџ Кјукор од 1939 г., прочуен по јатото красно костимирани холивудски ѕвезди и по тоа што е филм во кој не се појавува ниту еден машки лик, освен со глас.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, оној вид трагедија на која мелодрамата ѝ дала нов облик и нов живот била деградирана, второкласен вид на трагедија, соодветен за прикажување на животите на тие што биле неподобни за автентичната трагична сцена бидејќи, како домаќинки, банкари и клерици, не биле баш дораснати за класични јунаци.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сигурно, смешни се кога ќе се споредат со маките на Ифигенија, на Федра и на Хамлет (иако Шекспировата трагедија секогаш според темите и домашните преокупации е поблиску до грижите на буржоазијата, поради што е полесно да се приспособи кон потребите на некоја современа народска публика).305 Бегањето со погрешен маж можеби ќе излезе погубно за Клариса кај Семјуел Ричардсон, но последиците не се баш вселенски: нема тие баш толку да го потресат светот како последиците од Парисовото заведување на Елена – со други зборови, „урнат ѕид, спален кров и кула / И Агамемнон мртов“.306 Кога се гледа од повисоката положба на општествената елита, средносталешката трагедија е само мелодрама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не можела, и покрај сите свои многуусрдни напори, да го прикаже буржоаското живеење како сосема сериозно – освен, се разбира, од разводнетото гледиште на самата буржоазија.
Зашто грижите на средните сталежи, бидејќи се грижи на обичниот народ, не можат да ја достигнат достоинственоста што ја изискува целосната сериозност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мислам, всушност, дека уметноста на одреден начин секогаш го крие, дека таа предметот во таа мера го одзема во која го прикажува.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Кино работниците можеа да не го прикажат филмот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Со таа метафизичко-религиска „инверзија“ маниристите на сите времиња по сѐ се дел од традицијата за нив особената принуда на изразување.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Класицистот го прикажува Бога во неговата есенција, маниристот го прикажува Бога во неговата егзистенција.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Класичниот “прапорив” оди кон личното суштество, а маниристичкиот на неодгатливото дејствување или делотворност без облици.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Човекот со непоматен “природен” инстинкт и без расколи во свеста го прикажува човека како лик, како “човек”, “најбожествена” метафора како во паганската така и во христијанската религија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тереза во римската Maria della Vittoria овој момент го прикажува повеќе како сексуално отколку еротско-мистичко возбудување.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Најнапред, со „конкретни“ метафори: како човек, како животно, како ѕвезда, како билка; или во „апстрактни“ метафори: како сила, дејствување, душа, волја итн.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Бернини во својот Занес на св.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Како луѓето од различните времиња и подрачја го прикажуваат Бога?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Акиндин е веројатно вториот мошне значаен Словен, кој по Климент Охридски успеал да стане познат во Византија, а и во соседните земји.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По него (по Варлаам) во Византија се појавил неговиот ученик Григориј Акиндин, кој иако јавно кажал дека не се сложува со Варллаам, трудовите го прикажуваат како апсолутен негов приврзеник и истомисленик.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Свртувајќи се кон посовремени автори, решив да ја насочам антологијава кон нашите простори, па затоа вклучив уште еден расказ од поблиските средини, тоа е расказот на Милорад Павиќ „Чај за двајца“, инаку расказ кој може да биде занимлив за младата популација со развиена визуелна имагинација, со интерес за чудното, а не само чудесното, образована/воспитана информатички за комбинаторики, за една специфична игра на можното и неможното, за семантички пресврти и изненади; - Расказот на Павиќ, покрај расказот на Кортасар, на Борхес и на Маркес, спаѓа и во групата раскази кои ја најавуваат постмодерната, со нејзините фрагментарни комбинаторики кои и реалното го прикажуваат како нереално.1
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во пишувањето тоа се одвивало со помош на таканаречени „детерминативни“ слики кои се ставале зад напишаното, и му давале смисла, а самите не се изговарале. (Ibid.,стр. 18): „Кога египетскиот збор кен треба да значи „јако“, зад неговиот алфабетски напишан глас стои слика на исправен маж; кога истиот тој збор треба да изразува „слабо“, зад буквите кои го прикажуваат гласот следи слика на стуткан, омлитавен човек.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Статуата го прикажува Сенефер, првиот министер и управник на дворот во времето на кралицата Хатшепсут или фараонот Тутмес III.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ова воспоставување посебно е изразено во периодот од 16-иот век, со колонијалната експанзија што му овозможи на еден (западен) културен образец да им се наметне на другите (култури, народи, цивилизации) и да се обиде својот (западен) начин на гледање на работите да го прикаже како единствено вреден и единствено разумен начин на толкување на светот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Резултат на успешните преговори беше отстапениот шкарт кој во форма на инсталации го поставив заедно со изборот од фотографии (слајдови) и го прикажав на јавноста.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Билансот на политичките партии во однос на оваа проблематика ќе го прикажеме во заклучокот, а за читателите да можат да го следат тоа која влада какви промени во законската регулатива донела, овде посочуваме во кој период која политичка партија ја предводела македонската влада: • 20 март 1991 – 17 август 1992 година – експертска влада • 5 септември 1992 – 30 ноември 1998 година – СДСМ • 30 ноември 1998 – 1 ноември 2002 година – ВМРО ДПМНЕ • 1 ноември 2002 – 28 август 2006 година – СДСМ • 28 август 2006 година до денес – ВМРО ДПМНЕ.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тој го прикажува она што ние го правиме, монадата како компјутерски екран, без прозори, поврзан дел.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Требаше Хегел да ја „одухотвори“ материјата, нејзиното движење да го прикаже како движење на логичките категории, па да се дојде до поимот раѓање и настанување на стварите една од друга, и секое движење да се сфати како самодвижење, настанување, живот, како слевање на спротивностите.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Стигнаа нови оркестри, заслужени сликари и писатели, сите со цел црното да го прикажат како бело.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Навистина се трудам да го прикажам како вистинито она тврдење дека животот ги казнува брзите кучки слепи да раѓаат. (Но како да ги ускладам овие потврдени искуства со досегашните мои сознанија дека животот постојано ме испреварува а јас никако да го престигнам?) Роза ме чекаше во најзатскриеното ќуше на кафеаната.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Покрај сите разлики, тоа е истото што го сторил Пруст во наведенава одломка: „го преместил гро-планот” врз Одета (го рекадрирал гро-планот врз неа) за да ни го прикаже нејзиниот слушател од заднината. превод на двата текста: Павел Попов извор: Alfred Hitchcock (зборник, 1984, Љубљана) “...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но сега, сега ми е подруго. Некако поспокојно.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но, камерата не го прикажува оној што се препна, што падна на средината од патеката, а кој пред трката важеше за еден од фаворитите.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
За московскиот underground, плодно земјиште кое веднаш реагираше на сѐ што се однесуваше на современата уметност од западна Европа, Бојс претставуваше вистинско откритие.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На ѕидот е закачена репродукција на фотографија снимена на фронтот, која го прикажува пилотот Бојс и неговиот Јункер.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа мастилна преслека која наликува на крлушките на диносаурус, ја намалува агресивноста на изгледот на воен авион и му придава дури и извесна сличност со некоја птица, џиновска птица можеби, но безопасна.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Зографот го прикажал како човек - владетел, не го прикажал во легендарни димензии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Томпсон овој извештај го нарекол "крајно интересен" и забележал дека "ако е точно, изгледа дека Македонските Словени не се толку занемарливо малцинство како што досега се сомневало" и дека извештајот само потврдувал дека грчкиот став спрема Македонците, кои тие настојувале да го прикажат како "релативно пасивна незаинтересираност, практично бил многу полош".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Несоменено, информациите од извештајот ја подигнале мобилноста во редовите на Форин офис.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кој не го знаеше тој завалија...“, рече Никола некако нервозно, чиниш лут самиот на себеси што го спомнал Брзакот, што исчекорил од својата прикаска впуштајќи се во деликатен дел кој би можел Сврделот да го прикаже поврзан со убиството на Граматниковски.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како да му пријде, како ќе успее да го прикаже?
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Иако К'нчов бил заинтересиран македонското население да го прикажува побројно, бидејќи го запишувал под графата “Бугари“, сепак неговата статистика, споредена со други горе-долу непристрасни статистики, дава релативно најточни податоци.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)