Татко убаво слушна дел од одговорот а, со својата силна интуиција, го претпостави целиот шепот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Борбите, кога воопшто се водат, се водат на нејасните граници, чие географско постоење обичниот човек може само да го претпостави, или пак околу Пловечките тврдини кои бранат стратешки точки по должината на морските граници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Толку многу беше вознемирен што се случуваше нешто што не можеше ниту да си го претпостави: Камилски како да се подготвуваше да ја одбие единствената можност да го запре губењето на видот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јас и сега одам по улиците насмеан и среќен носејќи си го кафезот во главата, а што никој не може да го види, ниту да го претпостави.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сакаше се друго да се случи само не тоа што не можеше да го претпостави.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мора зад сето тоа да се крие нешто страшно матно, нешто страшно мачно, нешто до кое синот само се допрел или само го насетил и веднаш изгорел, тој час требало да го снема, како непожелен сведок, како веројатен очевидец на нешто што не само што не смеел да го види туку ни да го претпостави со последниот дел од свеста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сакаше сѐ друго да се случи само не тоа што не можеше да го претпостави.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој, впрочем, со голема прецизност и точност го претпостави и откри патот на јагулите од европските реки и езера кон Атлантскиот океан и назад.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И неговите прочитани книги, по најповолниот распоред што можеше да си го претпостави - му го покажуваа правецот кон Америка.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зошто си го претпоставив ова?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)