- (Е овој го претера, перверзен еден).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ти малку го претера.“ „ Шо претерав бе Тине? Шо претерав?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Затоа, Мефаил, откако му удри дваесет и пет стапови во Дуње, го собра и него со другите и го претера преку Црна во Старо Мариово, да ги примени и на него неговите поправителни мерки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јован го претера и овој коњ преку Кравица и донесе седум осум лири, та си ги поделија со Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Борјан, да не го претера малку?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Секој што се раѓа за премрежина се раѓа, вели Григор, а јас многу претерав, па може и ова да го претерам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секое утро мислата го поздравуваше новиот работен ден со „Е стварно го претераа, ќе им се качам горе да се разбереме на што личи ваквото однесување во една реномирана и културна установа каква што е нашава.”
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Коњот живееше во Задругата само тоа лето. Беше нивниот најдобар задружен коњ, но некој го претера и тој пцовиса, превивајќи се брефтајќи и со подуен стомак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)