- за заедно да го пресретнат Хаџи Ташку.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За татка, дочекува Боше. Некој треба да му го пресретне патот на Хаџи Ташку.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не може да биде никој да не го пресретне, вели Костадин Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А може никогаш и никој нема да се реши да го пресретне, вели Атанас Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сакав да ти влезам во очите, далеку зад зениците, да го пресретнам одразот на восприеменото додека сѐ уште е наопаку, пред да се заврти, пред да ме рефлектира застаната на тлото.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Некој потропа на вратата. Јас помислив дека е татко ми и истрчав да го пресретнам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На тргнување, на железничката станица во Софија го пресретнал Гоце Делчев.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тој влезе како да не му е јасно за што го викам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Бато – го пресретнав уште на врата – дојди малку во мојата соба!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Идеше кон него, како виулица, начекувајќи го во единствениот миг, кога тој не беше сосема спремен да го пресретне и тоа беше една можност, со која што оној се ползуваше, а тоа беше нешто, што си беше сосема во правина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Е, дојдовте, - го пресретна уште од врата адвокатот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Првиот, што можам и денес да го распознаам и за кој по нешто и знам (иако го пресретнав уште таму, на вратата од почетното распознавање на животните знаци), беше оној: дека сум најдена под високиот брест на тромеѓето помеѓу Моинци, Зрново и Подлог.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Господи, не сум сигурна колку ова нашепнување треба да го сфатам како шега, а колку како податок што требало да ме збуни и да ми ја предочи нерешливоста на загаткава што самата си ја поставив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во еден момент, од екранот, погледот ми го пресретнува еден пар очи: уплашени, ужаснати, изгубени.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа погледот повторно заблудува некаде во историската реалност на март 1943-та во тревожната стварност на специјалниот транспорт од Скопје, за северна Европа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кире го забележа и тргна да го пресретне.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така рече еден од шоферите што го сретнавме вчера.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ете, ние денеска се вративме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Сепак вие сте најслаткиот добронамерко што го пресретнале моиве осамени очи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
ВРАЌАЊЕ КОГА СЕ ВРАЌАВ ОД ЈАПОНИЈА 1. кога се враќав од јапонија како да се враќав од кјото во токио: од вековната тишина на златниот павилјон во новата врвулица на електронските галежи; од изворите за разладување на душите на боговите во салоните за врел чај од разбревтани воздишки. кога се враќав од кјото во токио во возот шинкансен нозоми видов дечиња како прават жерави од хартија - крилјата да им се испрскани со суви мечти и совреме да го пресретнат злокобното гракање на вулканската мемла и збеснатото море.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
На Грива татка го пресретиле арамиите и сѐ му зеле.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Впрочем, тој се трудеше да си ја засили значајноста со голем број други средства, имено: го воведе правилото пониските чиновници да го пресретнуваат уште на скалите, кога тој доаѓа на работа; никој да не смее директно да влегува кај него, туку сѐ да тече според најстрог ред: колешскиот регистратор би му реферирал на губернискиот секретар, губернискиот секретар – на титуларниот или, пак, како ќе му дојдеше, на некој друг и, веќе на овој начин, работата да стигне до него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)