го (зам.) - преобрази (гл.)

Таа мисла можеби го преобразува просторот и преку апории ја расветлува потврдата (не позитивна) која им предстои на секоја критика и на секој негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што во Франција, или на Запад, во склопот на филозофските, правно-политички, естетички итн. истражувања се здобива со фор­мата на техниките, на правилата за постапување, е мошне ограничен систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Конструктивизмот ни ги појаснува процесите што секој од првонаведените термини во спротивставените парови го преобразуваат во оној другиот, значи, процесите што чистото го прават нечисто, непроменливото историско и фундаменталното контингентно, но конструктивизмот има свои граници. извор: Institute for Human Sciences, NewLetter 55, 1996; пренесено од Arkzin превод: Г.Н.Ом 18 okno.mk Маргина 36 19
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Затоа, мораме да го отфрлиме позитивизмот којшто стекнува „сигурност” така што успешно го прикрива она што е и она што не е, така што го униформира светот, го преобразува она што е стварно дадено, во заграбено, а потоа го зема тоа како дадено, така што светот го лишува од битија, а светот на битијата го прогонува во земјата на сенките на субјективни „вредности”. okno.mk | Margina #22 [1995] 31
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ако воопшто постои дарба за прв допир ( прв допир и во нашата прва, и во нашата дваесетта, и во нашата педесетта година!) – дарбата го преобразува времето, ја возобновува и враќа возраста во зачеток, па како што времето не постои како некоја имагинерна и од материјата независна кондиција така и поезијата не постои надвор од времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Поезијата по природата на својата основна функција – има амбиции да го преобразува и времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А апостол Петар вели дека смртта е само мост - да го преобрази она што е минливо - во неминливо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Иако „ниеден дванаесетгодишник никогаш не бил одведен на психијатар и не му се молел на Христоса за помош затоа што собирал албуми со оригиналната екипа“, пишува Д. А. Милер, се покажало дека бродвејскиот мјузикл не е „ни трошка помал показател (за хомосексуалниот развој) од оние (други, попрепознатливи негови ‘знаци’) што биле страшно видливи уште од мигот кога се појавиле“.373 Се обидов да објаснам зошто, да укажам каква врска може да има конструирано поетиката на американската култура меѓу жанровите на дискурсот – или стиловите на изразувањето, односно видовите на општествена изведба – и облиците на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие занимања... јасно ги обележува камп-сензибилитетот: тие се стил поради стилот, немаат „сериозна“ содржина (фризурата нема „врска“ со ништо), немаат практична примена (само се фини), а формите со кои се зафаќаат ја нагласуваат препреденоста.211 За Зонтаг, токму во оваа склоност на кампот да ја истргне формата на нешто од неговата содржина и со тоа да го преобрази „сериозното во тривијално“ има „тежина“.212 И, во извесна смисла, има право.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, тие изразуваат настрани начини на чувствување така што изнаоѓаат сопствени (дисидентски, девијантни) начини на поврзување со главнотековните културни предмети на кои им се изложени и така што се идентификуваат со особените аспекти на тие предмети кои се или нехетеронормативни или сеотворени за нехетеронормативно чувствување.372 Ова може да објасни зошто некои геј- или протогеј-машки субјекти гравитираат, уште рано, кон конкретни жанрови на дискурот и на чувствувањето, сосе нивните сродни културни облици (како што се холивудските мелодрами и бродвејските мјузикли).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Извесен мој геј-студент се сети дека еднаш, некој летен ден, кога бил многу помалечок (изгледа кога имал околу седум годинки), го заглавил целото свое запрепастено семејство на паркиралиштето пред некој супермаркет, каде што се изначекале додека да им ги изглуми сите улоги од Звукот на музиката или барем да им ги испее сите песни од филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден друг мој геј-пријател, додека сѐ уште бил основец, ја преработил автобиографијата на Кристина Крафорд Најмила мамичке и ја преточил во драма – само што ликот на Кристина го преобразил во машко, надевајќи се дека кога ќе се поставувала драмата, тој самиот ќе ја игра таа улога; промената на полот му овозможувала драмска улога што можела да посредува меѓу неговиот мажествен идентитет и неговата емоционална идентификација со абјектниот, но моќен мелодраматичен женствен пример.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чанга добро знаеше дека овие бели животни со блажен поглед, со натежнато тело, како израз на плодност се секогаш готови да го исцицаат сокот од црната земја да го преобразат во бело млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, без разлика – Сем Галовеј беше еден од нив. Сем го преобрази лицето, ставајќи му маска на маченик, додека го прицврстуваше понито.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаете, едно пони многу добро го знае својот јавач и не беше невообичаено што кафеавите понија на пасиштата и оние во шталите, му се потсмеваа на Семовото пони затоа што го јаваше свирач на гитара, а не некој весел, вистински каубој од глава до петици кој пцуе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)