Палигоров единствено си префрлаше што допуштил Донски да го парафира предлогот без јасно да го предупреди за ангажирањето на Сокол Мечевски.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го предупредува да бидат претпазливи и да се однесуваат најкоректно спрема него како кон член на една сојузничка армија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од друга страна го нагласи поседувањето на непобитни докази за соработката на Д.Михајловиќ со Германците и го предупредил кралот на британските размисли да му суѓерираат елиминирање на Михајловиќ од кабинетот на владата. Foreign Relations od the United States, Diplomatic papers 1943, vol. III, Europe, 1028. 46
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Затоа тие барале од Маклин да го извести Тито за британскиот став.294 Во однос на ова прашање, а како барање на Министерството за надворешни работи Маклин веднаш остварил средба со Тито при што го предупредил дека “погрешен чекор во оваа фаза може да има озбилни последици за него“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
- Јас сум водач на едно движение тука, - рече таинствено тој и го погледа Коча малку преку рамо, небаре сакаше да го предупреди: ама ти молчи си...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Јас сега почнувам, - рече како за себе, а со јавна намера да го предупреди Коча да не мисли за станување. Но Кочо нејќеше повеќе да остане.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави – ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со свои сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Времето е воено и лесно се губи и глава - го предупредија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Толку многу се залета, иако го предупредив да не го прави тоа, та кога виде дека ништо од тоа не заврши со успех, само се плесна на креветот исцрпен од умор.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Исто така, некој чуден старец, со раширена бела брада, залутал до мостот и, со глас што се чинело како да доаѓа од длабочината на пештера, го предупредил Даниел дека ни неговите потпори, ниту неговото вешто ѕидарство, ни неговиот специјално измешан малтер нема да можат да опстојат на злата сила, која била насочена кон уништување на неговиот мост и која претходно уништила два други моста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А чичко Никола сепак го предупреди: „Каква прикаска ќе биде тоа сега јас, на пример, нешто да ти кажам и ти да речеш вака и вака ми кажа тој и тој.“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Му мавнав со раката. Сакав да го предупредам дека сум му на трагата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сепак го предупредив: - Не обидувај се да ме нападнеш. Ќе се каеш.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Била преморена, нејзиниот од повремено минувал во несигурно трчање - гласник е што и по цена на животот се напнува со последна жиличка да му предаде на таборот на кој му припаѓа со душа претсмртна вест, да го избави од грижи или да го предупреди, битката сѐ уште тече.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја чекале залогорени меѓу смреки и жолто процутени грмушки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не можеше да му го сретне погледот. Да го предупреди. Тој беше во голем занес.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Козите имаат раса. Прашај за раса! – го предупреди шефот во шепот. – Националноста не важи, туку расата, од која раса се козите? – Санска – одговори татко ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Само, - го предупреди дедо Геро, - никому ни збор за оваа работа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На крајот го предупреди за чудната опсесија на Марија со телефонирањето. – Угодувајте ѝ – рече. – Не грижете се, докторе – рече Сатурн радосно. – Тоа ми е специјалност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- „Нема проблем“ -му рече Марија. „- Единственото што ми треба е телефон.“ Тоа беше точно, а ѝ требаше само за да го предупреди сопругот дека нема да стигне навреме.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше сосема очигледно дека се подготвила за заминување, облечена во својот тажен капут со боја на јагоди и во едни одвратни чевли кои ѝ ги дадоа од сожалување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сосетката на седиштето ѝ даде запалка и ја замоли за една од малкуте цигари кои ѝ беа останале суви.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Инспекторот е должен, на подносителот на барањето, да му достави писмено известување за утврдената сос тојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавецот е должен, при вршењето на инспекцискиот надзор, да го предупреди инспекторот за тоа што се смета во прописите, односно неговите акти за државна, воена, службена и деловна тајна (чл. 15, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Барањето работникот може да го поднесе писмено или да го изјави усмено пред инспекторот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)