го (зам.) - предвиди (гл.)

Имателот на предметот се ослободува од одговорноста и ако докаже дека штетата настанала исклучиво со дејствие на оштетениот или на трето лице, кое тој не можел да го предвиди и чии последици не можел да ги избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста ако докаже дека штетата произлегува од некоја причина што се наоѓала надвор од предметот, а чие дејство не можело да се предвиди, ниту да се избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но Илија ова го предвиде уште на бичкијата кога го повика Толета да слезе в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Мошне арно. Ногу убаво си сторил шо си го распоредил Долно Маало.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Сигурно мислеле цел да го горат, или го предвиделе за цапарник“ - си мислеше Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Би било преопширно да се навлегува во значењето на алхемијата, во бесконечниот процес кој, претворајќи го (симболично) неблагородниот материјал во злато, ја постигнува светлината и соединувањето со помош на темнината и расчленувањето - тој процес асоцира на урамнотежување на нескладноста внатре во идеалот на длабокото соединување на спротивностите (митскиот мотив на андрогинот), но, исто така го предвидува цикличното и дијалектичкото повторно добивање на контрастот, во една непрекината трансформација, чијашто точка на исчезнување, перманентно оддалечувајќи се, е Утопија (златото, каменот на мудроста).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со тоа, се чинеше, наслебата поделена на два дела, на христијански, што го чинеа потковичаните и Акиноските, и на турски, што го чинеа чифлизите, дефинитивно го доби својот ропски изглед и дефинитивно го заживеа својот мирен ропски живот, на кој никој, ниту поробените ниту, пак, поробувачите не можеа да му го предвидат крајот, па, упатени едни на други, заеднички го изградуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ова никој не можеше да го предвиди.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога пилињата беа внатре заклучени, имаа навика да скокаат на первазот од прозорецот, но овој пат таму се случило тоа што Милан не го предвиде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
СОЦИОЛОГИЈА НА КВАНТНАТА ПСИХОЛОГИЈА Филозофијата што го предвиде ова движење не е капитализмот или социјализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не е индустриската демократија (тиранија на 25 процентното мнозинство).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Психоделичните концепти како што се гласноста и перестројката се базирани врз здраворазумските принципи на квантната физика - релативност, флексибилност, сингуларност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите потиснати мисли биле далечни еха на тие зборови но со поинакво значење; го предупредувале да го предвиди и најмалото зло што можело да ги демне од своја тврдина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Добро. Ако треба и со тоа животно ќе се зграпчиме за гуша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
БАБА АНЧА: Јас мислам вака: вие венецот да си го ставите оваа вечер овдо и да си спиете за да се осигури работата од нешто кое ние не можеме сега да го предвидиме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сепак, постои нешто за кое тој не е кадарен да го предвиди, имено постепеното и неодоливо загадување на работата што ја брани токму со идеите што ги побива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Премногу сум го изложил на ризик своето семејство, децата, суштината на нејзината мисија во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го чувствував мајчиниот трагизам, оставена да не ја доврши мисијата за која ја беше испратил во животот Севишниот, нејзината немоќ, низ татковите книги да го предвидува спасот на семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многупати почнуваше со прашање дали неговиот собеседник чул за овој или оној настанод минатото и одобрувајќи го со глава одговорот, онаков каков што го предвидел, се намсевнуваше чудно, само со подочните мускули.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но се случи и она што Нинослав и Ема не можеа да го предвидат: тие беа жртвувани од Шефот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И, како на шаховска табла, сè се претвори во игра на жртви, во обид да се спаси кралот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Според тоа, беше неопходно одново да се напише еден дел од говорот на Големиот Брат, на начин што ќе покаже дека тој го предвидел токму она што се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето тоа беше содржано во тој прв чин. Ништо не се случи што ти самиот не го предвиде.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прво, ова право ќе се материјализира само ако тоа го предвидува статутот на друштвото и, второ, во случај мнозинството вработени да не донесат одлука да не го искористат ова право.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но успеа само пророчки да го предвиди отворањето на границата помеѓу Албанија и новата држава Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова тешко можеше да го предвиди.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Претставникот на Централниот комитет, следен со бурен аплауз од присутните, се доближи до микрофонот, го поднамести според својата висина и започна: - Другари, ние чекориме во комунизмот, многу побрзо отколку што можеа некогаш тоа да го предвидат и нашите највидовити стратези.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се случуваше нешто што никој не можеше да го предвиди.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко во својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, колку и да го посакуваше овој пресврт во родната земја, не можеше да го предвиди.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И покрај наклонетоста на професорот кон таканаречените злослутни поединости тој не можеше да го предвиди настанов што ќе се обидеме да го опишеме бидејќи тој се случуваше, според наодите на службите повикани да ги расветлуваат ваквите настани, речиси во истиот ден а можеби и момент додека Седларов го презентираше својот труд за наездата на сенките во спомнатата симпозиумска расправа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не мислам на нашата раздалеченост од личната несреќа што му се прелева секому на претек а нејзиното прелевање никој нема сили да го предвиди и да го спречи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толку случајно згаснуваа што ни највидовитите не можеа да го предвидат она што ние обично го нарекувавме патека на смртта“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се качувам на третото, нишам: аха, сè педвидел учителот, ама ова не го предвидел, си велам, и тргнувам на рамката што некни ја скршија децата кога ги фрлаа дрвјата во визбата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не можам ни да го предвидам, во телово и душава ја чувствувам паниката која ме окупира, епицентарот на случувањата се менува со секоја нова бура од натприродни настани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За се ќе најдам објаснување, причина и последица, но не и за мојата приказна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)