Бојан го потсече тој дел одозгора, го одвои од земјата, а потоа внимателно ги отстрани боцките и ливчињата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Му ја соблече кошулката, му го потсече папочето и му го подврза со конче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
за кучето кое од мирно седење почнува да повраќа, за папагалот розела кој умираше од глад додека некој не му го потсече клунот, за моите болести и абортуси - за сето тоа бев надлежна јас, јас сум била тип жена сопруга, тој просто ме препознал во таа квалификациона група што ја предвидувала некоја научна студија за типови на жени...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Заборави го тоа, мајсторе“, рекол дедо ти, веројатно сакајќи да му го потсече опашот на стравот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)