Огромната површина го потсетува на бескрајот што се простира не само, сега, под него, туку и во длабочините на небото и потаму, на бескрајот на космичкиот свод со кој, непоколебливо верува бен Цви, владее онаа семоќна сила што тој ја замислува како Создател.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го потсетува да не ја заборави блузата со народен вез што ѝ ја вети.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Само катадневната инјекција ќе го потсетува на болеста.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На тоа го потсетуваше само шумолењето на реката која го внесуваше својот здив, низ ширум отворените прозорци на чардакот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И така, во Татковиот живот, Орденот си остана, без посакуваниот блесок, за да го потсетува на едно време, и тоа без сјај и без многу светли мигови...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Покрај болниот остана да седи дедо Димо, да му ја сменува крпата на челото, да ги гони мувите и да го разведрува повремено со некои шеги, да го потсетува на дамнешните убаво поминати времиња.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Го одбегнуваше зборот „јубилеј” и придавката „јубилејна”, зашто го потсетуваше не дека зрее туку дека старее, а тоа никако не се согласуваше со неговиот темперамент, на кој - по негово мислење - повеќе му одговараше поимот „младост”, па макар овој во јазикот на баба му да се викаше „аџамилак”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Лут на себеси дека задремал најаден и напиен, што можеби го потсетуваше на татко му од кого сакаше да се разликува барем во по нешто, Живко се размрда не само расонет туку и отрезнет, па дури и си ги протри дланките од претстојното задоволство откако си ја избриша дремката од лицето: - Ако ја преспавме Битола, нема да го преспиеме Прилеп.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И кулата секогаш беше таму, пред неговите очи, за да го потсетува на она што не можеше да го заборави.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Уште еднаш бараше сила да гледа директно во лицето на човекот што страдаше, кој беше причина за неговото измачување, и повторно ја најде потребната сила во лицето што личеше на маска, кое на некој необјаснив начин го потсетуваше на челичен катинар, кој цврсто држеше некоја недостижна тајна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Начинот на кој петелот скокаше на оградата или на нискиот покрив и како ја креваше главата за да го огласи своето достоинствено кукуригуу, Милан го потсетуваа на муезин кој од балконот на минарето ја искажуваа благодарноста кон единствениот Алах, или пак кон султанот-воин кој ја повикува моќта на мечот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа знаеше што барал под креветот но не сакаше пак да го потсетува на случката и да го срами.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тогаш кучето, како да го потсетува својот драг човек, го исплази јазикот право кон него и почна да се оближува во знак на некакво задоволство.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Нема никогаш да заборавам како иследникот, на тоа последно испитување неколкупати повтори дека моите изјави, напишани точно шест пати, го потсетувале на јајца од иста кокошка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Притоа ја повтори и веќе изречената мисла, дека многу ќе се радува во колку ќе се покаже дека греши, но за негова среќа барем досега тоа ретко се случувало!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа докажувало дека сум ја знаел изјавата наизуст, дека со неа успешно сум манипулирал, а од таквото однесување произлегувал сосема логичниот заклучок дека станува збор за лажна изјава.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во подножјето на сончевиот диск, уреусот, боженската поткрепа на властодржјето, го потсетувал на решителниот загриз Нефер-Хеперу-Ра-Уен-Ра-Ехнатон, блескавост Атонова, родител на шест мили ќерки, Големиот Превратник, чија песочна коњска глава (главата на Пастернак) се лизга низ влажните смртни дланки, толку впечатливо фотографирана, заедно со снимката на крилестиот cafuceus на ѓаволестото момче, откаде што повторно тие, двополните со внатрешното око, ги пречекуваат безимените души на гледачите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тоа му правеше големо задоволство и го потсетуваше на нешто, но и самиот не знаеше на што.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Оваа вечна зима во која пишува го потсетува на многу нешта од неговиот земен живот, си помисли.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И дали снегов што не престанува да врне и студов што упорно го потсетува на себе со своето неуморно штипкање по образите, како дебели прстиња на немажена тетка, се негов избор или негова судбина?
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Една госпоѓа во крзно елегантно гази по плочникот, така голема и рунтава го потсетува на мајка му во најдобрите денови.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Лузна која ќе остане да се гледа и да го потсетува, никогаш повеќе да не злоупотребува.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога Којо Пипиле ќе го извади кучето од куќичката што му ја направи со сите удопства и ќе го пушти во дворот да се истрчува, Богдан ако седи во градината, ја напушта и се затвора дома да не го гледа кучето и да не му го слуша лаењето и квичењето, зашто му оди на нерви: го потсетува на Пансионот, на Хера, на Марија и нејзината пудлица.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Блиските од семејството му носеа храна, го потсетуваа кој ден и кое време беше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Библиотеката ќе речеше Татко, бранејќи го принципот на распоредот на своите книги во библиотеката е огледало што го потсетува човекот на неговите граници!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имаше обичај дури да го потсетува наутро, како на нешто што мора да биде сторено таа вечер и што не треба да биде заборавено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не би требало ни да го потсетува на таа негова обврска...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сотирчо го потсетува дека и мајка им ја нема, дека заедно со Тронда излегоа да го бараат и не се вратија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се јавува и гласот на синот на Богородица, го потсетува дека тие штици не биле негови!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Куќата беше во низата постари двокатни, градени во отоманско-западен стил, повеќе со дрво отколку со тули и со камен, коишто Татко силно го потсетуваа на босфорските јали 2, од цариградската младост, со мали градини напред, со каранфили, со трендафили, со стракови жолто-зеленикава анамска рака кои ползеа ниско по ѕидовите, и со бавчи одзади, во кои се садеа магдонос, босилек, нане, бамји, секакви рани и доцни зеленчуци и зачини.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И таа, како јас некогаш, ги барала страниците со специфичните белези, бидејќи Татко, задлабочен во читањето, заборавал да го истресе пепелот во пепелникот којшто Мајка го оставала пред него и го потсетувала на него.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Седи покрај работната маса, ја разгледува книгата; веројатно истата онаа за која сношти зборуваше како за раритет; како за скапоцена посебност; го потсетувала на древните свети книги или записи што, случајно втасале до нас од некое неодредено време па оттаму и сите оние нејасни претпоставки во толкувањата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Му дадов пари да запали свеќа и за наше здравје“, го потсетувам одоколу.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Всушност почна да го потсетува, и тоа од далеку: „Си ѝ рекол: како мислиш тоа да ѝ се придружиш на таа Росана засекогаш?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Само педа вода наполнил во базенот Преспанецот и пуштил во него жаби, да, обични жаби - навечер радосно да му крекаат и да го потсетуваат на детството додека во летната влага прави панделка од сеќавања и од мечти.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Да, базиликата Света Софија, по своите обележја, како да го потсетуваше на судбината на својот народ, на своето семејство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Едо, меѓувремено,неколку пати погледна во полиците преку целиот челен ѕид со трите диференцијали некаде во средината и при секое сеќавање со глетката му се чинеше дека во тој миг ќе се сети на што таа глетка го потсетува, но не му успеваше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се чини дека со таа или по таа досетка Еда диференцијалите во преградите на челниот ѕид на гаражата престана да го потсетуваат на било што. Немаше време да мисли на тоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сигурно, при секое сеќавање, го потсетувала на страста што тој своевремено ја доживуваше како љубов, зашто Германија на сите страни зрачеше со еротски предизвик.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Граѓанската војна го потсетува на Егејците-бегалци со кои на времето убаво се дружеше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Да не го споменуваме тоа што Летка, при секое телефонско јавување, настојчиво го потсетува на тоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа порака на Летка ќе го потсетува дека ќе му биде потребно трпение додека прикаската не легне, додека невидливиот камертон не го потсети на првата нота со којашто мелодијата може да почне со најмал ризик.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Би можел да ја вика Слободанка, но тоа име го потсетува на една непријатна личност.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Бучавата толку потресувачки се зголемува што го потсетува на бучава на огромен бренер, горилник на нафта како оној што тој го има во визбата на својата куќа на котелот за парно греење.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Скопје не го сакаше зошто многу луѓе излажал, па градот го потсетувал на неубави моменти.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)