Постојано го гледаме и го слушаме Просперо како бучно го потопува своето перо во блескавата мастилница и како ги исчкртува дијалозите од драмата со елегантна, калиграфска рака.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Необјаснивото исчезнување на нашиот предок, патрицијот, кој на своето последно патување реши да го потопи бродот со сиот мистериозен плен и да остане на некое, за нас безимено, за него единствено острово – пречувствува дека исчезнувањата се далеку од баналните објаснувања за неминовниот крај.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Шатев (Георги Манасов) добил задача да го потопи францускиот пароброд.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тогаш кога Симон ми зборуваше за стрелањето што го извршил Борко и дека тој го потопил Долнец, не заради некаква полза за земјоделието и за напредок на земјата, туку за да се спаси ако може себе си од тешкиот товар на злосторот, да го скрие и да оневозможи тој злостор да излезе на видело, во тие моменти на повреденост и изгубеност кога се вртев наоколу и по својата глава барав со кого би можела да зборувам, до телефонот го забележав името и бројот на Владе историчарот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Симон ѝ рекол дека, природно, Борко имал многу непријатели меѓу Долненчани откога решил да го потопи Долнец и нив да ги истера долу на влезот на Б.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кај Симона можела да се јави завист и накнадно, со фактот што Борко станал познат човек и фактор, одлучувал за важни работи и во Војната и подоцна, можел да влијае, можел просто да одлучи, ете, да се изгради и една брана и да го потопи Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На крајот пак од летото, отидов со нокти да го отворам тој гроб и да го прашам човекот внатре, зошто во сите години, во целиот заеднички живот, молчел за она што го нагонило да изгради брана и да го потопи Долнец?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
За да си го покрие злосторот, тој твој Борко, за да си го покрие злосторот, убиецот, го гтотопи Долнец, викал кон Лена, сега веќе скршена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Не знам дали тоа ќе биде изводливо, се плашам да несе удавиш кога ќе го потопат твојот дворец.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Одеднаш сфати дека тоа му е единствената сламка за која може да се фати во пребродувањето на тешкотиите што го траќаа и кои допрва наидуваа со уплавот да го потопат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тие чувствуваат дека погледите на другите ги поништуваат, а присуството на другите го доживуваат како одземање на нивното присуство, тоа е како некој да им става јамка околу вратот, како со рака да им ги затвора устата и носот, како да ги брише од времето и просторот, како да ги осудува на смрт и покрај тоа што им го остава телото негибнато.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И таквото чувство дека светот може да го потопи нивното Јас, се појавува кај различни луѓе, на различни простори, неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)