Макар што не престануваат предрасудите за Балканскиот полуостров, од овде се извишуваат значајни книжевни гласови кои на посебен начин го потврдуваат нивното европејство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Летно време, тоа количество би било нешто помало, но не битно помало, бидејќи двата извора за кои стануваше збор, тоа го потврди Михајло, а знаев и јас, не го намалуваа значително количеството на вода лете, наспрема зимата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ова го потврдува и случајот на Lion Lazer или Ласерскиот Лав.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Исклучоците, оние жени во првите редови на политичката борба и татковинската војна, само се маскоти, украсни куклички во саморазбирливото сивило на машкиот свет, исклучоци што го потврдуваат неприкосновеното владеење на машкото правило.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Со еден свет на чудесно измешани жанрови и помирени спротивности во којшто глупоста го потврдува престижот над умот, во којшто грдотијата изгледа неодоливо, а злото користи наметка од најневини изрази.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А со таа постапка тој, толкува Кравар, само го потврдил Шегвиќевиот “решителен културно-политички дуализам”, “сликата на хрватското општество како терен за борба само за две непомирливи политички волји”, онаа “идеалистичката” како крајно десна, и онаа материјалистичката како крајно лева.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Молчењето на Марко тоа го потврдува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Најновите песни на Анте Поповски го потврдуваат она што го знаеме за неговото пеење, едно и единствено, но и ни дозволуваат да се приближиме троа поблиску до она што досега беше пропуштило да се (пре)создаде како песна...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
— Арно велиш, побратиме. И така на нас овде гледаат како на бела чавка. — Го потврди Јован Толевиот предлог.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
311 Оваа констатација ја потврдил и Маклин кој на 2 февруари 1945 година го известил Министерството за надворешни работи дека тоа го потврдил и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој изјавил дека во Македонија „сé уште постои лошо чувство меѓу Србите и Македонците“ како остаток од претходната политика на “српскиот централизам“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Откриените сиџили требаше, на еден поинаков начин, да го потврдат ова верување...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Лудилото на безграничноста на сега рационално формулираниот бесконечен простор и неоплатоничарското учење за идеите сега конечно секуларизирано во хиперсубјективизмот е засилено и го потврдува отпорот спрема средиштето и кружницата на класиците на ренесансата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Случајот на Македонија и Грција го потврдува тоа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Она што првата генерација на маниристи го насетуваше во “магијата”, на другата генерација & го потврдува “егзактната” наука.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Бојан отпрвин помисли дека е тоа ветер што се вовира во оџакот, но забрзаното, ненадејно лаење на кучињата го потврди неговото стравување.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Кој? - Оној што се изгуби? - го потврди прашањето Маре, покажувајќи кон насоката во која се изгуби некогашниот затвореник, сегашниот студент и идниот уметник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Посака Френк да рече нешто со што би го потврдил постоењето на девојката, но Френк не ја ни спомна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Од ваквата ригидна формулација, нејасно останува дали доколку работникот, макар и од оправдани причини, не докази кои го потврдуваат неговото тврдење, а со оглед на тоа дека во постапката пред Комисијата се применуваат одредбите од Законот за парнична постапка согласно кои доколку тужителот не достави докази, тужбата ќе биде отфрлена, со што тој го губи правото на заштита од дискриминација!?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
И, исто така, упорно се плашеше дека сите наредни постапки само ќе го потврдуваат она во што се сомневаше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Со тоа, со еуфоричната, транс-димензија се објаснуваше и популарноста на партијата на Луција кај најшироките народни маси; ним им требаше тоа, како обред кој го потврдува животот и култот на изобилието и плодноста.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но јас немам доволно аргументи за да го потврдам тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нема и да оспорат ништо во случај да не постојат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но тие исклучоци се од оној вид што обично го потврдуваат правилото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“ Со што мора да сум искажал не вчудоневиденост од сексуалната ориентација на новиов пријател, која веќе, на мое целосно задоволство, ја имав утврдено, туку сум го искажал наеднаш сменетото чувство за неговото стојалиште во геј-милјето, како во некаков чуден базен каде што оние чинови на возрасен секс во каков што намерававме да се впуштиме се одвиваа на плиткиот крај, без многу опасност дека, од сите положби што ќе ги заземеме, нема да можеме за час да си го вратиме тлото под нозете, додека детските работи како што е слушањето бродвејски албуми... изискуваа од него да се предаде на речиси целосно нурнување во нешто за што мојот прв фобичен изблик потврдуваше дека е прилично длабочко. (22)
Бидејќи упатува на едно обликувачко, изолирачко искуство на несподелива сентименталност, настраната привлечност на бродвејскиот мјузикл – која го враќа геј-субјектот во неговото претсексуално, но екстатично уживање во „детските ствари“ и во сите тие срамни, незгодни емотивни премрежиња на самотното детство – им е многу потежок, многу погорлив залак на геј-мажите од возрасните задоволства на геј-сексот кои го потврдуваат идентитетот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, сепак го потврдуваат она што Чехов го велел после завршувањето на секој свој расказ - денес заработив уште толку и толку копејки или она што го рекол составувачот на англискиот речник, Самјуел Џонсон, „само будалите пишуваат без хонорар“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Доситеј Давидовски им го потврдил шепотот со глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доверливо му пришепнале на попот дека бригадата ќе почне да го чисти со огнена метла градот, од сивите германски касарни на Кале кон плоштадот под камениот вардарски мост, којзнае од кој ден запоседнуван од лажно сакати просјаци и секакви измамници и безработници со очи на кондори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Скапоцениот камен, верувам, дека сѐ уште се наоѓа во твојата близина зашто и последните сознанија ми го потврдија тоа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рада само го потврди своето доаѓање. По спуштањето на слушалката, си ја подгризна устата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, иако не сум за некои големи фешти, сепак моето „да“ потребно е да го потврдат и некои други.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А понекогаш, дали од уѕур и здодева, дали само за да го потврдат своето присуство на Чауле, или само тераа шака со жителите на Потковицата, туку ќе истрелаа по некоја граната во воздух.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Главно, ретко слегуваа во населбата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа, Јовановото враќање во Потковицата, надалеку го потврди верувањето во маѓосничката и претскажувачка моќ на Руса, но за него, за Јована, се проширија гласови дека во меѓувреме со померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како да знаеа дека нивната работа е завршена и се чека само на еден формален акт којшто ќе го потврди нивниот триумф.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Единствени што навистина веруваат во фантоми се самите фантоми, како што тоа го потврдува прочуениот дијалог во галеријата на слики.** Ако во било кој поредок на фантастичното би го постигнале тој степен, Теодор веќе не би бил единствениот што застанува неподвижен, кутра животинка, посматрајќи го она што сѐ уште не знаеме да го видиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За посветените таа станала проѕирна, таа, поправо, ги открива очите на нивниот ум.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Водата е име кое алхемичарите ѝ го дадоа на живата, елементот од prima materiae, како и Меркур, конечниот производ на вештината. Duchamp веќе го откривме во Меркур, така што идентификацијата Вода/Меркур уште еднаш го потврдува дублетот Du- champ/Посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Случајната грешка само го потврди мојот внатрешен кошмар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Отсекогаш знаев дека најголемите изненадувања нè очекуваат токму на местото каде што конечно би научиле дека ништо нѐ не изненадува, разбирајќи под тоа да не се вџашуваме пред нарушувањата на поредокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Исто така, повеќе од четири години работеше на портретот на Mona Lisa, не можејќи да го доврши, како што пишува кај Vasari, и што го потврдува фактот дека сликата никогаш не му била испорачана на нарачателот. Duchamp, исто така, 13 години работеше на своето Големо стакло, дваесет години на амбиентот Со оглед дека, долга хронологија во текот на која периодите на интензивна работа се сменуваа со периоди на мрзеливо размислување.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ова што ти го раскажа, овој твој случај, тоа го потврдува...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ова можеше да означува само едно: да се биде нормален е нешто туѓо, изолирано и оставено да се снаоѓа само, како болест на која не можат да ѝ се најдат симптомите – неизлечива и по сите обиди да се подоздравее, налик на религиозно-осаменичка сооченост со божество кое не ни го потврдува нашето верување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Како да сака да го потврди тоа, од телекранот над нивните глави одекна сигнал од труба.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Вториот вторник, за да го потврди тоа, дојде пред амамот од неговото отворање.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не ни дојде во Долнец, ѝ рекол еднаш Симон на Лена, додека разговарале за семејството. Лена ми го потврди тоа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Така, Методија само го потврди обвинувањето на Симона, искажано во афект пред Лена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Гинекологот ѝ го потврди сомневањето... Ја напушти ординацијата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тоа е среќно паганска желба, некаков вид давање благодарност, која секако повеќе го потврдува животот (ако така може да се каже за една хипотетична желба во последните часови) отколку последниот благослов или дури „доведување на своите работи во ред”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И за да го потврди она што го бев помислил, тој не пропушти да го соопшти и предупредувањето: -За жал речиси е сигурно дека патувањето кон Рајот се соочува со многу незгоди.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Можеби лошите песни најдобро го потврдуваат тоа - забележа тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Доволни се зборовите и од една ваква скудна надраска за да ни го потврдат впечатокот дека Нилика секогаш и секаде носи со себе преполнет ковчег соништа, приказни, одговорности, сознанија, неусогласености...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби некој од колегите му беше укажал дека и покрај грдите предвидувања на спомнатиот автор Кафка, неговата земја на која и предвидувал зла судбина за нејзина голема среќа но и за среќа на нејзините жители и покрај фактот дека има поминато низ големи преиспитувања и тешкотии ги има совладано сите нив и речиси секој ден го потврдува своето постоење.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Го истопорија да седи на столот за сведоци и требаше само да го потврдува или да го одречува она за што ќе биде запрашан, а тој се правеше дури и непотребно невешт.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кој не може да поверува во ова, нека го потврди спротивното кога ќе сони поубав сон од мојов.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Потстанаа, проусти плашливо, но доста гласно: - Ако сево ова е вистина, нека дојде некој да ми го потврди тоа!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Она што посебно го привлекло вниманието на разузнавачот било "македонското прашање", кое на Конгресот било поставено "третиот ден", од страна на бугарската делегација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Информацијата недвосмислено покажува дека дописникот на „Вашингтон пост“ добро бил запознаен со историјата на македонскиот народ, бидејќи тој во текстот ги двои Македонците од Србите, како народ со посебна национална припадност, што го потврдува и информацијата од 25 март 1941 година во истиот весник, дека демонстрациите во Македонија може да „предизвикаат незгоди меѓу Македонците и Србите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа го потврдува и извештајот од 19 ноември 1944 година на еден американскиот разузнавач, кој во својот извештај се осврнува на одржувањето на Антифашистичкиот конгрес за национално ослободување на Србија, што бил одржан во Белград од 9 до 12 ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По ваквата реакција на Тито и по "поставувањето на работите на свое место", британската мисија во Македонија известила дека е подобрен нивниот третман во односите со ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
А тоа го потврдува неговата реакција, кога истакнал дека "изгледа генералот Апостолски како да е без некој авторитет и нему му е наредено да ги постави работите на вистинско место".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во истиот број била пренесена и информацијата за демонстрациите што биле изведени од „Македонците кои имаат врска со Бугарија“ и кои се надевале дека „нивниот дел од Југославија (се мисли на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија, б. м.) ќе ѝ биде даден на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во извештајот Еванс посебно се осврнал на перспективите за обединувањето на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа тој го потврдува и со својата опсервација дека ако се одржи слободен и фер плебисцит, тој би резултирал со формирање на „слободна Македонија“, а со тоа би се анулирале „грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Така под негово водство доживеав низа такви состојби во кои тој можеше да ми го открие своето знаење и да го потврди.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ми се нудеше можноста да го потврдам или оспорам, не без мал ризик, татковото искуство дека од егзил не постои вистинското враќање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа ми го потврди категорично и А.А. пред разделбата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тие што се најдобро погодени и што подоцна во животот човекот си го потврдува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Да беше жива мајка ѝ сигурно ќе го потврдеше тоа, меѓутоа и самата знае дека Пеличка е чиста нејзина копија освен што е заробен небото од очите на силникот!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ова го потврдил и подоцна пред повеќе агенти.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сите спомени на современиците недвосмислено го потврдуваат таквото гледиште на Делчев.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Не е точно, но и да е, тоа само го потврдува она што го реков.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тој роман ми се допадна. Другите ми се досадни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)