Тој на тоа му го посвети животот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Малку зборува, сето време му го посветува на болниот, а во болницата може да се сретне и дење и ноќе.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А сега, ете ги на дело, толку убаво искажани, неговите идеи... Реб Апфелблум топло го погледна својот поранешен ученик. „Биди внимателен, намерата ти е возвишена, нема Јехудим на светот што со неа нема да се согласи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Целиот свој живот реб Апфелблум го посвети на обликувањето такви возвишени идеи меѓу млади луѓе од ашкенаската дијаспора.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А тогаш, кога го прочита расказот, тој тивко ми рече: Зошто, синко, во расказот, го прогласуваш Бог за мртов, кога не знаеш ни далипостои? XLII Речиси сиот работен век, Татко му го посвети на својот незавршен животен проект Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Потоа, да се направи сосем мал проспект (околу три страници, на сите јазици) - во овој проспект би ги наброиле доблестите на дадаистот: со еден збор, инсигнијата за еден долар или приближно толку во другите валути би ја купувале луѓето од сите земји - чинот на купувањето на оваа инсигнија купувачот би го посветил како дадаист.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така беше и со еден настан на кој јас, кога се случи, не му го посветив должното внимание, а кој подоцна битно влијаеше на целиот мој живот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Покрај тоа тој мора да имал специфична причина да го одбере токму овој предмет и да му го посвети на својот пријател како сувенир од Париз.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дали треба да заклучиме дека ова е неговиот прв редимејд.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со него некогаш се однесуваше како со татко, некогаш како со сопруг, некогаш како со дете, најчесто како со научник.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уште од раната младост имаше решено својот живот да му го посвети нему; нејзиното секојдневие се сведуваше на средување на она што доктор Фројд го напишал, консултирање околу неговите пациенти, организирање на неговите работни патувања, помош околу справувањето со болестите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сегашната наша интелигенција треба да го посвети сето свое работење над моралното и умственото усовршување на својот народ и создавање на една идеална македонска интелигенција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Откако се роди, ѝ го посвети целото свое внимание.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја дотеруваше со саати, си играше со неа, ја учеше песнички и приказни, внимателно ѝ ги подготвуваше оброците за во нив да има доволно овошје и зеленчук, ја носеше на училиште и заедно со неа ги работеше нејзините домашни задачи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Летото за Рада беше бајка. Целото свое слободно време, што го имаше на претек, Томо и го посвети на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сепак во 1987 година Дарко Јелчиќ, Дражен Жериќ, и Златко Арсланагиќ, го реализираат албумот За све ове године, кој им го посветуваат на нивните загинати пријатели.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Во низата на корумпирани и неспособни политичари, кои, единствено беа загрижени за добрата финансиска состојба, своја секако, и на своите блиски, во тешките времиња на нашата транзиција, во севкупниот хаос продуциран од корумпираната олигархија, се појави човек изникнат од народот, кој го посвети својот живот на доброто на народот и својата голема енергија до последна капка ја троши за просперитетот на народот".
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Само ако чекор мрднеш оттаму, жива не остануваш.’ И младата жена, тресејќи се од страв, ветила дека целиот утрешен ден ќе го посвети на перењето алишта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога, одеднаш, го чула како блада, покривајќи се преку глава: ’Срце мое, срце мое во градиве мои, брзо ќе се спасиме...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога во една научна потрага од Институтот за национална историја, во Битола, ги откри битолските кадиски сиџили (ХV-ХIХ век), преостанатиот дел од животот го посвети на нивното толкување и проучување.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој најмногу своето внимание ѝ го посвети на неопределената заменка фалан, филан, филанка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски во толкувањето на оваа заемка од турскиот јазик (на турски filnfilan), се послужи со толкувањето на францускиот славист Андре Мазон, според кого непроменливата придавка filan (filan), извесен, извесна е вистинска граматичка заемка од турски (filan), која има двојна употреба во однос на значењето со зборот etokoj.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но овде беше најсреќен што ќе работи крај Татко, кој овде беше донесен од Институтот за национална историја заедно со сиџилите, кадиските записи од битолскиот кадилак од XVI до XIX век, кои ги откри и на кои им го посвети животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И двајцата по првото искуство беа согласни дека ако продолжат, на секоја заемка османизам да ѝ го посветуваат истото време, тогаш ќе им бидат потребни години за да ја приведат работата кон својот крај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се договорија, според претходната шема, Камилски да избере пет збора со негативна, а Татко со позитивна конотација, верувајќи дека на тој начин побрзо ќе стигнат до крајот на мисијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Би го спомнал германскиот уметник Ханс Хаке (добитник на наградата за национален павилјон на минатото Венециско биенале), кој го посветил својот опус на константно разоткривање на врската меѓу уметноста и капиталот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ова беа и делови од омажот, кој му го посветив на Махмуд Дарвиш, на големата вечер во катедралната црква Света Софија во августовската ноќ 2007 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На Махмуд Дарвиш таа година народот на Македонија во својот свет храм му го подари најсветото што можело да му се подари на еден поет - неговата тиха сина светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан во враќањето од егзил на поетот во прегратката на човештвото...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го молеа бога да им го остави жив, и му ветија, кога ќе порасне да му го посветат нему: да го изучат за поп.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Да знаев, место тебе - на ѓаволот ќе му го посветев синот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се разбира дека младите беа на војна во редовите на силниот султан Сулејман Величествен – Законодавец, кој целиот свој живот го посвети на освојување земји на сите три континенти.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сето тоа го нарекол „Musikalisches Opfer“, Музичка понадица, и му го посветил на кралот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа беше времето кога Татко ги откри битолските кадиски сиџили и го посвети животот во нивното толкување, откривајќи и таму, три века наназад, траги од семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко, внесен во своите сиџили, старите кадиски записи, од изминатите отомански векови на Балканот кои ги откри и на кои им го посвети животот, имајќи со што да си ја теши, да си ја освежува староста, ја забележуваше Мајка како, со денови, отсутно, го прелистува каталогот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И на Цветана Горски, кој се готвеше да му го посвети животот на откривањето на тајната на патот на јагулите и на неговото спасување, и на Татко, кој во патот на јагулите ја откриваше можноста за излез од егзилот, сознајбите на Игор Лозински беа од пресвртно значење во нивните животи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како што Диоген велел за Платон: „Зошто ни е човек кој веќе го посветил сето свое време на филозофирање без да вознемири никого?“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Јас не сакав да ги изумам, но немав доволно љубов кон овие јазици и нивната литература, онолку колку што ги имав опробано, за да можам да им го посветам остатокот од мојот живот: ниту кон јазиците како такви, ниту кон чистата ученост, предавањето или проповедањето.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас сум восхитен од вниманието што тој му го посветува на женскиот сексуален орган како извор на енергија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Поради ова, вниманието што интернационалните музеи и понатаму го посветуваат на овој уметник сѐ уште предизвикува негативни реакции кај одреден дел од светската јавност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој често правеше портрети на жена, Амазонка, мајка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Многу од неговите цртежи упатуваат на периодот на неговиот интерес за времето на матријархатот, како во Bashoffen.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но тоа не е единствено од што се оградува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Додека Рој Линхенштајн денес е признат како рафиниран, ироничен, сериозен манипулатор на готовите слики што ги користи во своите дела, Ворхол одбива да ја ублажи световната страна на својата уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Растот на оваа 97 сфера за Арент означува пропаст на јавниот простор на политиката и негово дегенерирање во „псевдопростор на интеракција, во којшто поединците веќе не ’делуваат’ туку само ’се однесуваат’ како економски производители, потрошувачи, и урбани жители“.115 Меѓутоа, мора да се напомне дека Арентовиот приказ на агонистичкиот политички простор на грчкиот polis е крајно идеализиран, исто како и Хабермасовиот профил на буржоаската јавна сфера.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Агонистичкиот политички простор на полисот што Арент толку високо го вреднува бил овозможен само преку исклучување на големи групи од грчкото општество – меѓу кои жените, децата, робовите, надничарите, резидентните не-граѓани, и сите не-Грци - иако токму нивниот труд бил тој што им овозможил на грчките мажи да го посветат своето време на заедничкиот интерес за политичко здружување.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Оваа книга Едгар Морен ќе ја допише со својата ќерка Вероник Грап-Наум и Хаим Видал Сефија, кој го посвети животот во одбрана на јудео-шпанската култура, врз основа на снимените искажувања на Наум Видал за својот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа живее во мене со времето што ми го посвети, а јас доцна, по пет години, откако таа стави неочекувано крај на нашата преписка, дури во оваа книга, започнав вистински да го разбирам нејзиното некогашно толку силно присуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А што се однесува до анархијата која владее, како што велите, во оваа земја, тоа јасно се гледа и од краткиот напис којшто магазинот Телерама му го посвети минатото лето на Патрик Крисман и што ви го испратив (се надевам дека сте го добиле).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Овој концерт и го посветува на неа.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ти благодарам уште еднаш за овој посебен концерт што ми го посвети мене.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Овој концерт ѝ го посветува на една особа од овој град што ја сретна пред две години во Париз и никако не ја заборави.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Беа дојдени млади и стари познавачи на арапската османица, историчари, толкувачи на таинствените битолски кадиски записи, односно сиџили, на кои Татко им го посвети целиот живот, како нивни откривач и верен толкувач.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во соработка со критичарот Педро Енрикес Урењо ја објавува Антологијата на аргентинска литература.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Списанието Mega fono (Мегафон) еден дел од својот број го посветува на анализата на Борхесовото дело.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таа година тој го уредува книжевниот прилог на вечерниот весник Критика и во него објавува неколку свои раскази под псевдонимот Франциско Бустос, името на еден од своите прадедовци. 1936.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ја објавува збирката есеи Историја на вечноста и го преведува романот на ВирЏинија Вулф, Собата на Јакоб. 1937.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мајка Роса одбрала животот да го посвети на момите водена само од една мисла, да ги одбрани од сите зла додека секоја од нив не си ја најде среќата!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)