го (зам.) - поприми (гл.)

Поместувањето на важноста на звучниот резултат кон чинот на изведувањето на делото каде звукот го поприма статусот на последиците од тој чин, укажува на еден важен аспект на Кејџовото музичко мислење кое подоцна, посебно во неговата експериментална фаза која ја отвори “Тивкото дело 4’ 33’’”, ќе стане трајно обележје на неговото творештво.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во склад со своите нови интересирања, Кејџ себеси постапно се воведуваше во зен-от, посетувајќи ги предавањата на Д. Т. Сузуки на Универзитетот Колумбија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Инспириран од Џојсовиот роман “Финегановото бдеење”, Кејџ го создаде делото “Прекрасната вдовица од осумнаесет лета” (1942) за глас и клавир при што клавирот за време на изведбата е затворен, а на пијанистот му е достапна неговата конфигурација што наметнува неконвенционален, нетрадиционален начин на свирење со прстите и зглобовите на раката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од срецелото натаму на југ патот одново го поприма својот поранешен изглед, повторно станува широк колку да можат да се разминат две воловски коли натоварени со снопје или со сено, или булук овци, кревајќи по себе пепелници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако ликот е безличен, можеби тоа е затоа што и авторот не се чувствува сосема добро - некој му го допира лицето, но прстите, тие долги ковчести и груби прсти на стварноста, пропаѓаат во меката кожа, која како глина го поприма нивниот облик.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ако треба да изгориш – огнот ќе го поприми обликот на моето тело Ако треба да умреш – ќе згасне и мојата врсничка меѓу ѕвездите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Има нешто ѓаволчесто во нејзината насмевка, а одблиску и очите го попримаат истото тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Единственото нешто што би можело да ме натера да се дружам со неа е тоа „нештото ѓаволесто” што го забележувам, а не умеам да го објаснам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)