го (зам.) - помисли (гл.)

Го помисли тоа со тага, иако знаеше дека Сајм него го презира и по малку не го сака, и беше во состојба да го пријави како мислопрестапник, само ако најдеше барем една причина да го стори тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзиниот човек. Го помисли тоа лесно, без срам, прививајќи се до внучката, која, топло стуткана под ќебето, мирно ја преспиваше оваа тмурна, леплива септемвриска приквечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не знам што си помисли кога ме виде така збунета, но јас тоа што го помислив беше дека не заборавил ништо, но како да правеше некаква проверка дали сум во станот, дали не повикав веднаш некој да дојде...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- тој збор не сакаше ни да го помисли, а не да го изговори - А, што ако морам да абортирам...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас пред татко ми не можев ни да го помислам, а камо ли да го речам: ја сакам, ова, она...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не лажам, не крадам, што имам во срцето, кажувам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Б: На суптилен начин тоа го менува начинот на мислење на луѓето; ги зголемува можностите на она што можат да го помислат или почувствуваат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа ти го помисли и ти си луд!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но никој не го помислува она вистинското.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Александар нема да ми верува. Тоа си го помислив пред да ја фатам кваката. Никогаш и не ми верувал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Седиме како сложно семејство - само баба ја нема.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Знам, мама тоа го помислила, ама не го кажува гласно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа го помислив и она утро, кога влезе овде во одајава и без некој нешто да го праша едноставно објави дека оној Голем Тодор, за кого ништо не се знаеше со години, се вратил; дека сега станал и ѕвездочатец.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Марија го сфати знакот, погледна отстрана и ја здогледа Херкулина, секогаш подготвена за напад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија ја разбра вистината. – Те молам, зајче! – рече вџашена. – Немој да ми кажеш дека и ти веруваш оти сум луда! – Како можеш да го помислиш тоа! –рече тој, обидувајќи се да се насмее. – Работата е во тоа што за сите ќе биде подобро да останеш овде уште извесно време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)