ЛУКОВ: (Правејќи обид да го смири Младичот, да го покори.) Централниот комитет реши да премавне еден многу опасен предавник и изрод на нашиот народ.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тоа беа очи на рис, но премногу питомо-чувствени, способни да го покорат срцето со онаа податливост во која жената ја познава својата заљубеност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Лошата зима и мекиот карактер на Селима го одвратија од оваа намера и тој се врати во Стамбол, откажувајќи се од лудите амбиции на татка си да го покори и поислами целиот свет.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но, кога виде дека со ништо не може да ѝ го покори срцето на саканата мома - нареди овој прстен да ѝ се однесе.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Затоа по десетина дена тој вооружа еден табур од педесетина сејмени и го испрати во Мариово со задача да го покори и да им ја наметне неговата власт и на тие дванаесет села од старо Мариово (Врпско, Жиово, Витолишта, Мелница, Полчишта, Сатока, Градешница, Пешта, Старавина, Будимирци, Гурунишча и Бѕовиќ).
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)