Оваа берберница, со изгниено душеме под кое наместа се гледа песокот, со испукан таван откај што се подаваат трските од лепенката, претставува една преживелица од старото време, заедно со овие неколку души што се збираат тука како бродоломци, потсетувајќи се на начинот на својата младост и трудејќи се да го подржуваат колку што можат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мора некој да го подржува под мишки.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Имено, луѓето околу вас или безрезервно го подржуваат вашето творештво и одат дури дотаму што тврдат - со што и јас се согласувам - дека сте без конкуренција најзначајниот уметник во Македонија, или, од друга страна, се сервира мислење дека вие сте сепак само “маргиналец”, само недоволно интелигентен “алтернативец” кој не ги знае длабоките и фасцинантни лавиринти на моќта и упикувањето.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се сретнал со генерал Рачо Петров (доверливо лице на Фердинанд, бил и претседател на бугарската влада), потоа со д-р Стоилов (дотогашен претседател на бугарската влада), од кого сакал да дознае дали владата го подржува ЦК на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
ЦОНКА: Кумот малце да го подржи кумашинчето: среќата да го држи сиот век. (Му го натрапува бебето на Теодос на раце.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: Е, сега, повелете. Што зготвила моја Петрија една тава шкембиња, џигери, цревца, прстите да си ги излижеш!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Жените ми го бараат да го подржат, да ме одменат, а јас ќе им велам: Не, сама можам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во еден момент ѝ се стори дека детето не е сигурно во рацете на мајката. Ѝ предложи да го земе и да го подржи.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кутриот, дури ни не узна дека синот му е на пат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Беше воин. За жал не доживеа синот да си го полула, да го подржи в раце.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Штом ќе препознаам некаде присуство на невиност ако не можам да му се придружам барем сочувствувам со него - реков во желба да го дообјаснам карактерот на моето учество во настанот кога веќе беше речено дека сум го подржал она што се случуваше минатата ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не дочекал сиромајио да му дозборуа чорбаџијата ошто се налутил, тики ошто му дошло да тепа, та му надал: - Пусто ви останало и чорбаџил'ко ваш, и добрината ваша што ќе ми ја напраите со метилаиот ви џигер, со смрдено некое чкембе и црева, коа ме сурукледисуате полојна ден за еден џигер од еден грош, а пак јас си го изгубив целио ѓундел'к.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Еле, како би - би, си дошле дома при чорбаџијата, и го обесил јагнето сиромајио на дирекот, а пак чорбаџијата му го зел џигерот од рака на сиромајио, ѓоа да му го подржи, дури да го обеси сиромајио јагнето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Си го кренало едно момче татка си на рамо да го носи планина и, носејќи до некое место, го симнал и го остаил наземи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Их, што бил смешен! – ѝ се подбива Зоки и го подржува нејзиното смеење: Хахахе, хахахе!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)