Кога му ја виде Божин ногата, на чудо беше станал тој и сите селани; арно ама пак нејќеле да го поверуваат оти бил штрк.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Сакаше да се покаже и пред нив, да го поверуваат, еве како овој непознат човек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се разбира дека она, за мешето го поверував.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Додека она што го чу се повтори уште неколку пати, едно претчувство му го стегна срцето во очекување да го пречуе тоа што го слушаше, што доаѓаше од осветлениот прозорец на катот, што веќе го погодуваше, но длабоко во себе одбиваше да го поверува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но не ја прифатив како добронамерна оградата со која се обиде да ми предочи дека не било се едно кога таков малер ќе се случел во куќата на обичниот човек за разлика од генералот или високиот раководител.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова никој не можеше да го поверува. Папата, во Албанија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И тоа не само заради нејзините големи врски со лекарите туку и поради насмевката што ја искористи за да ми ја завитка веста пред да ми ја предаде. Го знам тоа нејзино умеење.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)