го (зам.) - повела (гл.)

И ние така; ќе си бараме некој калнокапец, ќе си го земеме домазет, ем ќе си го повеламе како шо сакаме, ќе нѐ слуша. Сака нејќе, ем дома ќе си седиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Помислувам, која ли е намерата што го повела на пат?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Читајќи некои книги останати од татко му, велеше: Човекот е најситниот дел на вселената; него вселената го создава и го повела; секое раѓање на човекот се обележува во вселената; каков ќе му биде животот на човека, зависи од времето во кое е роден и од законите што владеат во тоа време: тие му ја одредуваат судбината, здравјето и должината на животот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ве донесе ли господ да се видиме живи здрави по победата? — иронично се провикнаа Пере Тошев и Петре Ацев, коишто заедно со Тренков, Коле Пешковчето, Шаќира, со целата своја чета се прибраа во Толевиот пашалук и се ставија со Толета, молејќи го да им осигура заклон и леб, бидејќи народот почна да ги отпадува од себе, а тие немаа морална сила да го повелаат како порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го водел очајот, а не некоја мисла и решеност: како да не тргнал да се удави во реката, туку ѝ се препуштил на водата да го однесе кон некое поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А обичните селани не сакаа да слушнат за некакви чети и војводи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа болка до смрт го повела да скокне во Дунав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
До неделата курдисал царот свадба да праит и кума лиса го повела воденичарот по себе за по невеста кај царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)