го (зам.) - пази (гл.)

Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да ѝ го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето ѝ беше единствената надеж на изгорената мајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Гнездото ни е здраво. Сигурно Џивџик добро го пазел, - радосно им рече старата ластовица на другите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И уште многу ситни работи, кои лежеа на дното од ковчегот - единственото и најголемо нејзино богатство кое таа љубоморно го пазеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Како што отец Иларион бдее над душите од своите болни што ги лечи, така и отец Серафим бдее над бочвите во визбата; а во време кога превира виното, тука и спие: да го гледа, да го пази да не истече: со деноноќија седи крај бочвите, им го наштутува нивното шумење, шепотење, вриење на зрната чија што душа преминува од блага - во горчлива.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И додека над вас насилникот гази, — во својата мака избезумен, робот, тој светиот спомен зар ваш ќе го пази што заради него го најдовте гробот?
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Миклош не ја знаеше приказната на Бошко, но иако тој не се правеше на нетокму, речиси преку ноќ побеле: тој засега се движеше слободно, склучуваше непречено пријателства низ градот, почнуваше да го учи новиот говор, но, слично на приказните од илјада и една ноќ, знаеше дека додека саатот не се намести и проработи, животот му е нему сигурен, сите ќе го пазат и сите ќе го чуваат, а после ќе биде она што е - роб за продавање.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Воздишка ли да испуштел спрам некого, од мака, или од севда некаква, врз овега круна од ѕвезди небаре се правела, небаре да му свети како на светец и да го пази со сечилото на светлоста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ќе излезеше некој откај него, другите ќе го прашаа: „Жив ли е?“ „Жив“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И престанаа повеќе да му седат крај главата и да го пазат, влегуваа само одвреме-навреме кај него во одајата, кога ќе го чуеја кај што вика и кај што се расправа со ангелот што му идеше да му ја земе душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еден ден се качуе таму на брегот на ридот да го пази коа ќе ја товари колата со риба.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мравките - пешадинци неуморно лазеа од разни натрапници кралството го пазеа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
За цело време додека разговараа, сите тројца: и Мил и жена му и Богуле, одвреме-навреме погледот го вртеа кон ковчеџето крај нозете од Илко на кое тој ја имаше спуштено едната рака како сè уште да го пази...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога го пресоблекоа Илка, по кожата на телото му забележија истетовирани разни фигури: лав - за да го штити од зло; птица - за да го пази од загубување; змија - за да го брани од болести; четирилисна детелина - за среќа; сонце - за долг живот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мил кога ќе го забележи станат, оди по него и го следи на неколку чекори, го пази да не му се случи нешто.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)