го (зам.) - оцени (гл.)

Оттаму заклучокот дека добро фрлениот поглед или добро кажаниот збор за нештото веднаш го оценува како добро или лошо, веднаш го прави добро или лошо.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Директорката на програмата ми забележа дека сум постапил многу наивно кога сум го оценил онолку позитивно и дури препорачал за гледање филмот „Ние сите сме убијци“ во кој некогашните борци за слобода, во Франција, сега, како цивили во животот наеднаш стануваат убијци!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во случајов бев убеден дека натрапникот од предмалку никогаш се нема соочено со проблеми слични на моиве.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не сум слушнал за такви нешта. Ти ги измисли? - сериозно се исчудуваше Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А исто така речиси бев сигурен дека скокот на Јана од коленото на Непознатиот Катерина го оценува како свој личен успех.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само во едно не беше упатена Катерина. Таа ни не сонуваше дека од зад вратата ја следи моето будно око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и некој чудак, кој шета во близина, или пладнува во својата мирна чувствена градина при случај на отворена врата наеднаш ќе се вознемири и притоа неосновано ќе го оцени нашето однесување како недопустливо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сигурно за да го оцени ефектот на својата постапка?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)