го (зам.) - ослушне (гл.)

Со мака се задржа да не се насмее. * Куќата пред која застана беше положена така како да се бореше да го ослушне пулсот на земјата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со жедта на посветен безумник барем едно од моите писма да пронајде таков процеп, и на зајдисонце да допре до собата со стар часовник, до човекот кој легнат во фотелјата како во постела од изгниени лисја, со замаглен поглед го ослушнува струењето на тишината, го отворам дневникот со корици уредно навлечени во кожна обвивка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)