го (зам.) - освои (гл.)

Марина Џавери, италијански книжевен теоретичар и компаратист Големиот сликар, импресионистот Пол Сезан, на крстопатите помеѓу фигуративната и апстракната уметност, тврдеше дека сликајќи само едно јаболко ќе го освои Париз, со што сакаше да им покаже на љубителите на сликарството дека големата уметност може да се создава и од обични субјекти.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И Луан Старова, на крстопатите помеѓу историското и фикцијата, го освои Париз со козите, со својата посебна уметност...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имено, уште тогаш под перница му го ставаат планот на градот Загреб, таа ексклузивна цел на сте негови идни животни стремежи, место коешто тој, за да го исполни своето животно послание, мора да го освои и со кое во потполност мора да завладее.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Поентата на оваа комбинација мора да се бара натаму во потезот со црната кралица, која треба да се води така што да почне да го шахира противничкиот крал и да го освои лауферот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потоа се упатил кон Солун, но не успеал да го освои.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 985 ја освоил Лариса во Тесалија; во 986 и нанел пораз на Византија; ги освоил Дукља и Далмација и стигнал до Задар, но не го освоил; зазел дел од Албанија со Драч, а се обидел да го освои и Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 329 г.пне. го освоил и источен Иран.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од 332 до 331 г.пне. ја освоил Сирија (по седумесечна опсада го зазел Тир 332 г.пне.), го освоил Египет (заминал во оазата Сива каде се наоѓал храмот на Амон каде од страна на свештениците бил пречекан како син на богот Амон), ја освоил Месопотамија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По освојувањето на некои подунавски градови во 1004 го освоил Скопје по што започнале византиските напади во внатрешноста на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Царот на Источното римско царство (Византија), цар Јустинијан I (483, цар од 527-565) успеал да го уништи Остроготското Кралство, ги поразил Визиготите и го освоил југоисточниот дел на Шпанија, а ја ликвидирал и државата на Вандалите во Африка.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тоа го искористил византискиот император Алексеј I кој со големи воени сили го освоил Костур.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од Охрид Боемунд се упатил кон Бер го освоил, како и Меглен каде го оставил грофот Сарацин.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Види поопширно: Михаило Апостолски, Февруарски поход, НИК “Наша нига“, Скопје 1975., 17-23. 88 На 11 септември 1943 година Вториот кичевски и Првиот маврвски партизански одред на Првата оперативна зона го ослободиле Кичево од италијанските окупатори и балистичките сили. 89 Во овие градови по повлекувањето на Италијанците влегле германските окупаторски единици и воспоставиле своја управа со помош на балистите. 90 PRO HS5/882. 91 PRO WO 202/515A. 92 Ibidem. 93 Ibid. 94 PRO WO 202/515A. 95 Кичево било ослободено на 22 септември 1943 година од страна на борците од Вториот кичевски и Првиот мавровски партизански одред на Првата оперативна зона. 96 По борбата на Буковиќ од 1 октомври 1943 година, балистичките банди, предводени од германски офицери, го нападнале градот Кичево и по повеќечасовни борби успеале да го освојат. 97 Ова идеја на Светозар Вукмановиќ не се реализирала поради неможноста да се префрли до Босна, а исто така и поради германско-балистичките напади на единиците на НОВ и ПОМ во Западна Македонија. 98 PRO WO 202/515A. 99 Ibideм.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
После секоја трета испиена ракија сите беа спремни да го освојуваат Солун, а после шестата веќе не можеа ни до дома да стигнат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Рафал: Уште тогаш го освои. Сака да биде на висина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ех, колку, колку убаво би му било на Бојан да си поигра со срната, да ѝ шепоти, да ја гали, да го освојува нејзиното пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Благодарение на овој трик со лебедите, младичот на крајот го освоил срцето на девојката.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Германецот на крајот смислил стратегија со која ќе го освои срцето на девојката.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И го освои, го плени сосема логотетот со лажната скромност и смерност своја, и стана мир во семејството наше, но мене пречувства црни ми ја кинеа душата, оти дотогаш не бев видел случај таков: рака што била десна сама да се постави на левата страна од телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Каков е тој натпревар во кој секој поединец и секоја екипа го освојуваат челното место?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И какво е тоа прво место кога и првиот е последен а последниот прв?...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За потоа да може да го истреби од светот секој кој не е од ариевска раса.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти знаеш дека причината за окупацијата на Австрија е почеток на големиот поход што Хитлер го замислил и со кој сака да го освои светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
во долиштата до кои не стасала лакомоста на живите, го засилуваат листењето на оскорушите и дренките, и на оние сини цвеќиња над кои сеќавањето разбуцува топли спомени: но таму е проѕирен и лелеав Дмитар-Пејко со цут на жилата меѓу веѓите, стои во ѕвонеста кошула на младоженец и помлад е од некогашната своја младост, ќе се пресмета со чудовиштето што ни го претскажуваше патем:
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Волците беа стасани да го освојат целиот негов круг, заедно со ноќта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
При самата помисла за повторна средба, беше во состојба да полета кон облаците, беше решен ако треба и да ползи, да моли за да може уште еднаш да го освои срцето на својата љубена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакаше повторно да го освои она што беше негово, она богатство што лежеше на неговите гради и што со усните го бакнуваше делче по делче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Девојката им го освои срцето, сакаа да ѝ се приближат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, покрај големата блискост и двајцата чувствуваа дека меѓу нив стои една огромна планина, без желба да ѝ го освојат врвот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми го освои телото на препад. Ме разоружа без да бидам свесна за тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како и да е, варијантата Југо-Америка требаше да го освои пазарот на САД.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Бездруго дека далеку повеќе сум слушал од него отколку што тој прочитал мои текстови, иако знаев дека со себе, во внатрешниот џеб на кожената виндјакна, носи книшка од цариграскиот поет Дагларџа и понекогаш ја прелистува и ми преведува стихови што го освоиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Измамницата Надеж, и самата зла, го освојува светот да не се уништи во очај пред полавата на многуте зла.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Веќе во петтиот месец, порано отколку другите деца, почна да го освојува просторот, слободата: лазеше низ одаите, низ целата куќа, а потоа и преку прагот на куќата во дворот; лазеше со таква брзина што на сите им влеваше страв.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Те нема да наминеш до портата на случајноста... онаа порта која те доведе до искушение.. онаа која го освои твоето немирно срце...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„И вие верувате во тој потоп, докторе?“ праша и не чу (можеби: „Не, и не верувам дека сте луд“) зашто шепотот на неговите ангели прерасна во висок писок и го освои.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Набрзо, како трофеите на Херкулес, го пронесов својот плен кој толку лесно, знаев, никаде не можев да го освојам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Заговорниците на оваа теза тврдат дека Западната култура, а пред сѐ американската, го освојува целиот свет: американската храна, облека, поп музика и потрошувачките добра, сé повеќе ги прифаќаат луѓето од сите континенти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога Османлиите го освоија неговиот Сигет, војсководецот Иса-бег, еден од тројцата синови на прочуениот Исхак-бег, кој потоа и загина на Лебното поле во битката меѓу турската и унгарската војска, го довлечка во Скопје запленетиот саат што го симна од саат-кулата на Сигет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од другата страна на Вардар се само бавчи и зеленило, ливади и пошумени места кои се искачуваат да го освојат голиот рид на југ. Боженце, какви чудесии!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Генералот никогаш не дал наредба и никогаш не рекол напред, славата негова ги допираше небесата, го затемнуваше просторот кои другите сакаа да го освојат.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Проучувајќи ги луѓето, го констатира следното: оние луѓе што прават долги чекори - се сигурни во себе, цврсти, решителни, енергични; таа сигурност им дава полетност, ги тера бргу да одат, да го грабат патот, да го освојат просторот, да стасаат што побргу до целта каде што тргнале;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кадијата нареди јуриш преку Чебренскиот Мост и поп Јаков со своите старавинци, градевци, бзовичани и саточани два дена го држеа преку река, но на третата ноќ Турците го освоија мостот и почнаа да настапуваат преку самите карпи во кои беа бунтовниците, а некои од Турците преку Бзовиќ веќе им се кажаа зад грб, та беа принудени да отстапат за да дадат друга битка на Баба пред самата Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Може да се каже без преувеличување дека руската музика и руската театарска уметност го освоија светот“. (Искажување на П.Г. Ковалевски, Париз, 1973).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оние кои се обидуваат да ја протурат теоријата за „ЛИНИЈА НА ПОМАЛ ОТПОР“, никој не ги спречува да го освојуваат веќе освоеното, со своите бизарни на овој или оној начин, идеи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Ридот ништо не родил“, повторува тврдоглаво таа, „туку сѐ што дојде и сѐ што не успеа да се врати од тој рид беше дело на оние будалине што тргнаа да го освојуваат иако не знаеја што токму ќе треба да освојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и не се знаеше кој треба да го одбрани а кој да го освои тој проклет куп земја и камења, и зошто воопшто му требаше некому!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Куќата горе ја направи уште татко му додека беше жив; го купи лозјето што беше на самиот врв, а потоа почна постепено да ги купува и другите лозја и бавчи, да го освојува брегот и да пати што не успеа сиот да го купи, да стане негов господар; со преселувањето на ридот, тој ја виде и можноста да се оттргне од луѓето, да се обгради од сите зла и несреќи што го зафаќаат селото; покрај тоа, тој одовде, од овој брег, можеше многу поубаво, појасно и попрегледно да го набљудува небото и ѕвездите, што му причинуваше големо задоволство.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вниманието ми го освојува мало просјаче (не повеќе од пет години) кое успешно му бега на еден несмасен полицаец правејќи кругови околу штотуку поставената бронзена скулптура на просјак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Она што ќе го освои таа не може да го зачува.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таа ги користи ’можностите’ и зависи од нив, оти е без основа каде што би можела да ги складира своите добивки, да изгради своја позиција, и да планира напади.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но ме восхитува и вашиот напор заеднички да ги разбереме француските издавачи во овие тешки времиња за книгата!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вистинските книги имаат свој внатрешен ритам, моќ да го освојат и задржат читателот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во 1479 година султанот Мехмет II ќе го освои Скадар со сто илјади војници и веќе три века подоцна градот ќе стане значаен центар на Отоманската Империја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бригадата на Мечета беше тврдо решена во овие последни денови да го освои знамето.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Па, како тогаш ќе го освоиме знамето?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мемите на самонасочување на Д-р. Споук го освоија светот за помалку од три децении.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова не е политичка револуција; тоа е повеќе нешто како културна еволуција. Бран на електронска информација. Појава на една нова раса.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)