А тој длаби во моето срце Со длето го одгатнува Жешкиот јазик на пламенот.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Коџабашијата тоа го одгатнал вака: — Турците видоа дека од осум куќи село купија седумдесет волови. Значи селово е богато!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— „Ами чаре?“ — повикале селаните. — Чарето тоа е.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Три нешта На внука ми Ирина Пред засекогаш да се поздрави со светлината и сѐ друго што се обидуваше да распознае низ неа, тој слушна нечиј глас кој не можеше да го одгатне: да не би да си заборавил нешто да довршиш за да си бидеш сосема спокоен?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тој им допушта на ликовите да го одгатнат реалниот свет внатре границите што претходно им ги поставува соодветната поетика.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
По толку време – си седи поштарот сам, Прета, копка нешто со бастумот пред него, Ѝ шепти нешто на земјата, И гледа една тажна жена осамена на прозорец, И се мачи да го одгатне раописот на животот, Избледеното писмо на чекањето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Талка низ камењарот, бара нешто низ маховината, низ јагликите, во трагите од дивечот, влегува во пештерите, ги ослушкува знаците по ѕидиштата, го одгатнува стенкањето на коските в земи, и дури татне луњата пали огнови, запишува нешто по ридовите, зашто секоја негова стапка е некоја тајна и некој збор.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Ѕвезден вез. Ситено писмо, чиј ракопис умее да го одгатне само огнот на првото ходочастие, таму далеку, чиниш – во древности...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Гледа во каменот: живо писмо! Се мачи да го одгатне огнот заробен во него, да ја препознае душата на својот предок – скриена меѓу буквите, меѓу пластовите на каменот...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Тоа никако не умеела да го одгатне.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Дали таа слика тогаш му кажа нешто што дури ни сега не може да го одгатне?
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тоа утро, пред да излезе од дома помалиот брат на татко ми бил полн со здравје и многу весел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој само знаеше дека се случило нешто што никој никогаш нема да го одгатне.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со еден збор отворено му се ругам на мојот потчинет, иако сум свесен дека она неуморно демонче демне над секој мој неизречен збор, го лови со акробатски скокови и му го поднесува на мојот потчинет на начин што јас не можам да го одгатнам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Времето се отвора и на прастар збор го одгатнува Лузна по лузна и рана по рана записот на душата И зошто земјата замириса на мене.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)