И додека Јосиф нивни Акиноски го собира планот, откако пред тоа д ќошевите ги истава камењата и додека потоа го прави тутурка, тој, Максим Акиноски, претпазливо, ги симнува панделките од писмото, а за тоа време и после, додека го одвиткува, на сите другите им вели После, откако ќе го прочитаме писмото, кој знае сам ќе се потпише, а тие кои не знаат ќе се потпишеме или јас или Костадин или Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И кога сосема го одвиткува писмото, зема да го чита: „Ополномоштително и за осведочение потврдитело на општината, црквата и училиштето ни во наредното соединение и едномислие.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На враќање купува весник, пак само во недела, го остава на маса, зашто дури вечер ќе го одвитка да го чита.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тогаш се слушна езанот од минарето на џамијата. Беше време за оглен намази и кајмакамот го прекина зборувањето со ибн Бајко, и со очи замаглени и отсутни, се струполи да се клања врз сеџадето што го одвитка и посла.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со растреперени раце Бојан го одвитка писменцето. Лицето му светна. Очите му се навлажија.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
2. СЕ СВИТКАЛО КАКО ЗМИЈА В ЗОРИ - како да го одвиткаш, па да знаеш што е?!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Зад него со истата цврстина стоеше градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беренц го одвитка и само што фрли поглед врз заглавието, брзо го врати погледот кон владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Почекај ме овде, - ги исправи веѓите Горда поземајќи го подарокот од неговата рака и веднаш, штом ја затвори вратата зад него, го одвитка и виде долго шише бело вино.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ја изгаси ламбата во собата, го отфрли чаршафот од снагата и го одвитка турбанот од главата, па ја навлече преку глава летната ношница; но и при слабата надворешна светлина Боге ѝ ги наѕре како низ пајажина познатите, а сепак пожелни облини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)