го (зам.) - одвее (гл.)

Чекав ветар да го одвее отровот. Умеев да се зачувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе го одвеат и последното гумно, ќе слезат до Езерото, да ја измијат плевата и правта, и лепливата пот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Чекав ветар да го одвее отровот. Умеев да се зачувам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нов и нов бран со завивање се спушта прудолу и снегот го напластува таму, каде не успева да го одвее.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ројот од зрна го одвеа матицата на времето но каменот стои верно врз своите коски и чека на враќањето на митот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Господ знае каде ќе го одвеат самовилите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Говорот што го одржа командирот, го крена ветерот и го растури низ клисурата, го разби од карпите и го одвеа по трапиштата ко песок меѓу прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)