Не ми го објаснивте убаво она што требаше да се објасни. А има многу нешто...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Дерида со цитати и вметнувања, го објаснува своето читање на Бенјамин на следниов начин: Токму како што манифестациите на животот се интимно поврзани со живеењето, без нешто нему да му значат, така преводот проилегува од оригиналот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И уште нешто, барем тоа така го објаснува чичеронот: една страна на овој голем салон, некаде во средината на ѕидот, има отвори - ситни мермерни решетки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јосиф тоа никако не би можел да си го објасни.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Наташа се освести набрзо откако тој престана да ѝ ја цица крвта.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Овие статистички претскажувања станале закони на термодинамиката; тие, на пример, можат да го објаснат порастот на температурата и притисокот кога некој гас ќе се загрее во соодветен сад.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ќе ви го објаснам тоа на друг начин.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Пречки на врските, ми го објаснија галебите неговото молчење.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Има душа, душо! Сѐ што не може да си го објасниме, а тоа не е малку.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Она што печатот не го објасни, меѓутоа, е дека Борхес во текот на целиот живот беше убеден агностик.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Не, не можам да му верувам на она што ме збунува – му велам на толкувачот на соништата од бараката број три.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Вие ме поттикнувате, и самиот не знам тоа да си го објаснам, зошто и како да ви се исповедам за моето пишување, за моите јунаци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Само вака можам да си го објаснам избегнувањето па дури и заобиколувањето на патеката или улицата по која врвам а пред мене ќе помине црна мачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Многу одамна се откажав од философијата бидејќи мислев дека поголемиот дел од неа е премногу опскурен за да биде од некоја корист во тековната дејност на терапевтите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Напротив. Сите што пишуваат за Солунските атентати, од разбирливи причини, се трудат да пронајдат аргументи за да го објаснат и “оправдаат“ делото на гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во секој случај, важно ќе биде да не се тргне од лажно упадливата спротивност меѓу недоволно цврстиот модел на општественото, сфатен како обичен површински исход од безредни содејства помеѓу луѓето (наместо како систематски состав што е длабоко конститутивен за нивниот субјективитет), и од претерано позитивистичкиот модел на природното, сфатено како онаа длабока, формативна структура што ни го определува битието.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа тогаш се обидува да ви го објасни тоа што не може ниеден друг збор да го изрази, додека вашиот татко го слуша разговорот без да се вклучи во него...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Границите на конструктивизмот Конструктивизмот сепак има свои недостатоци коишто најдобро можат да се воочат на следниве теми: 1) конструктивизмот не може соодветно да го објасни она што поединците ги придвижува разликите врз основа на идентитет да ги сметаат битни за себе 2) конструктивизмот не може да положи сметка за меѓусебното „одговарање” на културните парталчиња и крпеници што движењата и борците ги собираат од културата околу себе, и за дилемите на идентитетот и опциите коишто се чини дека тие парталчиња и крпеници ги овозможуваат 3) накратко, конструктивизмот може да ја Во контекст на германскиот објасни контингенцијата, но не и кохеренцијата; конструктивизмот може да ја објасни социолошката национален идентитет и неговите дистанца, но не и придвижувачката блискост меѓу граници сп. Dan Diner, „Gedaechtnis идеологиите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но многу ми е тешко да ви го објаснам тоа... (Старова, 2008: 385)
Или, на друго место и на подиректен начин:
...мислејќи с повеќе на вашите книги, јас мислам с помалку и помалку на вас како реално присуство што постои некаде... (Старова, ibid.: 289)
Ете, драги Луан, токму тоа е онаа фамозна differentia specifica што Твојата Елен Лејбовиц ја прави толку единствена, но и толку различна од сите вистински жени што некогаш се допишувале со некои мажи-уметници, сеедно дали повеќе или помалку славни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И, така, тој погрешно го разбира начинот на кој функционира еден заменски идентитет создаден преку таква вкрстена идентификација – односно, точниот начин на кој Џоан Крафорд за некои геј-мажи функционира како заменски идентитет.
Во секој случај, суштински е важно геј-идентификацијата да не се сведува на геј-идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мама еднаш ми го објасни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Какви се овие трикови?“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Како е можно тоа, - си реков, - некој да има повеќе од осумдесет години, колку што има дедо ми, да е здрав, висок, јас, а одеднаш да стане дете За жал, Братољуб тоа не можеше да ми го објасни.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Но, можеш ли да ни го објасниш значењето на гласовите, за секој глас одделно?!“, рече сега веќе сосема заинтересирано логотетот, кој во воздухот насетуваше чудо, миракула Божја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го разбирам мошне добро она што ми го објаснуваат, но длабоко во себе сум сојузник на оние кои никогаш нема да разберат.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Воопшто не ме мрзеше да станам и да проверам како Братољуб го објаснува во својата книга чудниот збор табу.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Жари: Патафизичарите ќе ги испитуваат исклучоците од владеачките закони и ќе го објаснуваат универзумот што ќе го надополнува овој (универзум)...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
На крајот на краиштата, предметите од главнотековната култура (како што е бродвејскиот мјузикл) се единствените културни предмети што хетеронормативните општествени институции веднаш му ги ставаат на располагање на протогеј-детето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како да го објаснам тој полет во движењето рано наутро, кога сѐ што шушка, капе и тренира нерви одеднаш не го есапам, како да го нема. Бог ги замеша прстите?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како ли да ви го објаснам зборот резултати?...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа се обидов да ѝ го објаснам на онаа девојка, Ким Новак: „Имате премногу изрази на лицето. Не сакам да видам ниту еден од тие изрази.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И тогаш во неговата мртва глава се појави идејата своето доаѓање да го објасни со летаргичниот сон.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Твоја Јелена Лужина
2
343
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
— За кого нема леб, бре пес, кај вас? — му се овргали Толе, а Брниклијата замава со стапот по Дима, уште неналегнат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Никако не му идеше в глава толкава упорност и пожртвуваност, тврдоглавост, како што си велеше самиот во себе. Не можеше да си го објасни фанатизмот на овие луѓе што ги жртвуваа животите заради своите души; заради верата и слободата што ги бранеа по цената на животите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Уште повеќе, претпоставете (колку неверојатно тоа да изгледа) дека ова знаење може адекватно да го објасни целото однесување кое сега се прикажува како „когниција” без обраќање до психолошкото ниво на дескрипција.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
А бидејќи Толе лани дојде да ги вика селаните во борба заедно со четите чии војводи Сарафов, Тренков, Гарванов, Чакаларов беа Бугари, тоа Димо им го објасни дека и Толе е бугарски војвода, та ќе треба и него, не само што да не го слушаат, ами дури и да го бркаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сега сети дека окружувањево го објаснува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Слушнав како Иван се смее. Малку придушено.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Постојано ви говорат за доминантниот култ. - Доминантен! Господа, не го разбирам тој збор, морате да ми го објасните. Се мисли ли на затирачкиот култ?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не знаев како најдобро да го објаснам тоа што ме натера на ваков потфат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Што ќе го објасни волшебниот впечаток што овој и други познати проблесоци од глумечката кариера на Џоан Крафорд го оставиле врз машката геј-култура и што тоа можат тие да ни кажат за машката хомосексуалност како настран – односно, антисоцијален – сензибилитет или субјективитет?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Странецот целото „недоразбирање“ го објаснил со непознавање на јазикот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се обидувале, на пример, да избегаат од сопствената бележаност на која се должела нивната инфериорна положба одбивајќи да се идентификуваат со групата во која спаѓале, покажувајќи нетрпеливост или презир кон другите припадници на групата – особено кон оние поединци што биле понеизбришливо бележани од нив со стигматизирачките знаци што ги идентификувале како нејзини припадници – и избегнувајќи контакти со луѓе од сопствените заедници.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ваквата поделба на „мандатот” лесно го објаснува настанокот на хистеричното прашање - „Каде сум, зашто сум она што велите дека сум?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Тој пак се сврти. Само за миг погледна на колоната и рече: - Ете, гледате нешто од... како да ви кажам... од реалноста, ама овој збор не знам да ви го објаснам попростачки, Запамтете го - зборот реалност тоа е тоа што гледате сега...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дали тоа, всушност, е “масонерија на делото”, или, подобро кажано, “масонски темел”, т.е. херметичен и филозофски, оној кој тоа го објаснува?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Подоцна, кога во едно интервју Дишан го коментираше ова патување објаснува дека патувал во главниот град на Баварија во посета на еден сликар на крави кого го запознал пред неколку години во Париз.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
- Добро – продолжи тој – не е важно сега тоа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Започнувајќи со седумдесеттите години физичарите флертуваат со идејата дека теоријата на хаосот може да го објасни поведението на сложените системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Предавањата во училиштето за Кејџ беа начин да се направи себеси достапен на сите коишто сакаа да работат со него. (На сличен начин, издавањето на своите книги тој го објаснува како доследно спроведување и проширување на тој принцип кој неговите искуства ќе ги направи достапни до поголем број почитувачи и следбеници).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа го објаснува фактот што на некои места границите меѓу супер-државите се произволни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Им го остави и грипот, ама на младичот и еден несфатлив немир што тој не се обидуваше да си го објасни, бидејќи треската го зафати со таква силина што веднаш го кутна в постела.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Како тоа да ви го објаснам вам кои признавате само одговори со да или не, боите ги делите само на црна и бела, а луѓето само на пријатели и непријатели.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ако терминот „пердуви“ го претворам во идиомот „се кити со пердув“ и го објаснам како фалбаџиство или купување по инерција, добивам „прекрасен“ резултат. Неточен.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Не знаеше точно да го објасни овој феномен, но кога ќе дојдеше на работа наутро, тој секогаш во себе носеше некој различен ритам.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И јас, без да бидам свестен што зборувам, кажав нешто што и ден-денес не можам да си го објаснам; од каде дојде таква луда идеја кај мене, идеја за која никогаш претходно не сум размислувал, ни близу умот не ми била, а ја изговорив (да не се тоа остатоци од некои мои претходни животи?); реков: „Во паузата би можеле да изведеме една мала, лесна циркуска еквилибристичка точка“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Токму тоа „одговарање” е она што истражувачот на човечките работи најчесто се обидува да го објасни.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бартлет дури и го објаснува „начукувањето до грло“ – а изразов никогаш не легнал подобро – како „најсмешното нешто што некогаш се извело“, иако и самиот тој вели дека се одвива во момент на трагична трогателност кога „стварно плачеш“.
И пак сме соочени со неусогласеното избувнување на смеа за ужасна сцена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не можам да си го објаснам часот и нејасниот страв што ме натера да ја спуштам секирата.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Искрено да кажам, речиси сите присутни умееја подобро од нив да го објаснат она што тие самите го беа опеале. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 141
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сега бев двојно столчена, еднаш од предавството на Борко во животот кон мене, зашто никогаш не беше ми кажал за таа своја тајна, а сега и од неможноста да го објаснам апсењето на Симона, под обвинение, јасно, за ширење на лажни вести и непријателска пропаганда против државата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И слично на ова: Каква е културната и сексуалната логика што ќе го објасни присуството на следната точка на средината од многу препраќаниот список на интернет со „Стоте најдобри работи во тоа што си геј-маж“?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, ми се допаѓа. Не можам да кажам – не.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Борхесовото дело е чудесна творба, јазик чиишто бои се прелеваат, облик кој самиот се содржи, соголен приказ на историска стварност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И јас како Караѓоз сум доживеал нешто кое ни до ден денешен не сум си го објаснил, ниту пак, некој ми го растајнил.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Изјавата на другарката Басотова не го објаснува она најбитното: дека токму таа мене личо ми се пожали дека и е одземена спомнатата скапоценост и ме замоли да и помогнам да си ја поврати таа скапоценост бидејќи само јас можев да посведочам дека во далечното лето на 43-та ја имав гледано кај неа и тоа повеќепати.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но со ништо не можеше да го објасни, па набрзо сѐ заборави.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Пред околу 25 год. кога студирав философија се обидов да му го објаснам Хајдегер на татко ми (откако направи грешка што ме праша).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Јарбол врз јарбол, железо врз железо, греда врз греда, еден куп шрафови и шрафови, и удирање на чекани, целиот облак трепереше како хармоника од тие удари.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дури и Бреза го научи, ама никако не можев да ѝ го објаснам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Не знам дали можам тоа сега да ти го објаснам, но не грижи се, сѐ е во ред.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Жалам но ќе морам да им го објаснам сето ова на другарите ако ме викнат на разговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зашто таквото сведување би го збришало самиот проблем што се нафатило да го решава, бришејќи го токму она што предлага да го објасни – имено, значењето на женствените идентификации на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тешко би можела тоа да му го објасни.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Војна - Умешност што го објаснува начинот, како е попожелно да се Е Егоизам - Во моралот истото, што и убиеш себеси. лостот во механиката.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
О, бесрамна нека ми биде беседата
нека биде вечен нескладот
меѓу изгледот и суштината
постојат волшебни приказни во коишто
сѐ е налик на стварноста
во коишто нема ништо
што би можела да го објаснам
ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од таквиот светоглед, изградуван врз алхемиските учења, но и на склоноста кон Пироновото учење на грчките скептичари, како што тоа се обидуваат да го објаснат многубројните студии за уметноста на Марсел Дишан (Marcel Duchamp, 1887-1968), настана еден уметнички опус, на чие што објективизирање му претходеше едно творечко аура апрехенсио.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
При крајот на патувањето, без да извлече наши, посебно мои позначајни реакции од кажаното, како еден вид заклучок рече: - Не брзајте, драги пријатели, со површни и еднострани заклучоци за да го објасните градењето бункери во нашата земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Она што воопшто не е јасно е како културниот отпор или настраната противакултурација се одвива во рамките на еден хетеронормативен контекст.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Откако дедо ми ми го објасни сето тоа, јас моето име, кое сè дотогаш го мразев (зашто никој не може да го запамти од прв пат и никој не се вика така), почнав дури и да го сакам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ракетните бомби трескаа почесто од кога и да е порано, а во далечината повремено се слушаа силни експлозии чие потекло никој не можеше да го објасни и во врска со кои се ширеа неверојатни гласини.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Водена од своите сирови халуцинации, бев во готовност да го прифатам и ова привидение, но се појави една тетка со лоша фризура за да ме исплаши и на микрофон да проба да го објасни целиот настан.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Тоа случување не можеше никако инаку да си го објасни освен да го дефинира како кучешки посмртен ритуал за каков што дотогаш не ни чул, а камоли да го видел.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А со тоа може да се објасни зошто машката геј-култура се закачила за сцената и за целиот филм.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Психолошкото значење на боите Јунг го објаснува на следниов начин: “...за време на асимилирањето на потсвесното личноста минува низ многу трансформации кои потсвеста ја прикажуваат во различна светлина и кои се придружувани со расположенија што непрекинато се менуваат.”
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ова авторот го доживеа како изненадување чие значење не можеше да си го објасни.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но како да ви го објаснам тоа?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сето тоа им го објасни командирот уште првото утро кога се повлекоа од челните ровови.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тој тоа го објаснува со зголеменото забрзување на движењето и перцепцијата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
„Веројатно Ное се наоѓа пред многу специфична задача“, се обидуваше Стариот писател да му го објасни ова на неприсутиот собеседник, не на мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Инженерот не може да го објасни тоа, некои работници имаат доверба во него, сметаат дека е исплатливо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сега сум јас на ред, изгледа, а тој тоа едноставно го објаснува со еден единствен збор: пубертет.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Душе, помогни ми да го објаснам тоа исчезнување.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Приказот на Адам за општествената доминација и за нејзините последици и натаму има голема објаснителна моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само се чувствував чудно, не знам како да го објаснам тоа, како да бев исполнета со некоја јанѕа и недоверба, најчесто бев во некое радосно–жално расположение.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Еве како Шатев го објаснува тој вистински интересен гест на Орце: Не само Орце Попјорданов, туку повеќето од гемиџиите се чувствувале морално задолжени кон Борис Сарафов, поради олеснувањата што ни ги правеше во материјален поглед уште од почетокот и поради големата доверба што ја уживаа кај него некои од нас, а особено Орце Попјорданов.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Дури ни неговото блиско пријателство не го објаснува мотивот на изборот и испишаната посвета на оваа необична играчка како подарок на својот пријател.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа вака го објасни тоа: „ Кога водиш љубов, ти употребуваш енергија, а потоа се чувствуваш среќен и пет пари не даваш за ништо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дојде моментот кога беше неизбежно да ми го објаснат тој збор.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тој збор веќе го истеравте, а луѓето што го обезбедија правото на слобода, не бараат право на затирање.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Планот на акцијата кратко ми го објасни.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Откако Камилски изнесе дека заемката севап во турскиот јазик (sebep), потекнува од арапскиот thehwab, во бугарскиот е присутен како себеб, во српскиот како себап, во ароманскиот како sibebi, во албанскиот како sebep, истакна: Како ретко кој два спротивставени поими инаетот и севапот можат да го објаснат менталитетот на homo balkanicus во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сите овие небески појави го имаат потеклото во правилноста на движењето на Земјата и другите планети, кое пред повеќе од 300 години го објасни Исак Њутн во своите закони за движење и во теоријата за гравитација.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа мојата прабаба ми го објасни вака: - На ребетот постојат точки- просто како цврсти клинови, каде енергијата може да се заглави, ако ти не ја подбутнуваш со мислите: де нагоре, де надолу.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
“Тој сево ова го објаснува со едноставниот факт, имено, таму додека живеевме, ние по грешка ја сметавме таа смрт за смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Еве на кој начин самиот Шатев го поврзува и го објаснува местото на Делчев во гемиџиската акција: “Тој (Гоце) наполно го усвои, го поддржуваше и одобруваше таквиот вид на борба (диверзии - динамитни акции), зашто беше против едно предвремено општо востание кое при тогашната општоевропска и општобалканска положба, освен што немаше да даде некои позитивни резултати, напротив, ќе ја растроеше уште повеќе ВМРО, без дури да се предизвика каква и да е интервенција од страна на големите сили.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Абел се обидува со дуплирање, редуплирање на коренот, да го објасни гласовниот обрт.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Нема сомневање дека современите научни испитувања, особено оние на полето на науката за мозокот, наведуваат на тоа дека токму тој орган на некој начин ја крие тајната на духот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Му се чинеше дека ако некогаш бил близу, тогаш сега е најблизу до оној последен збор што го бараше за да си го објасни светот, но и тој миг се изгуби пред да се појави, така што ни трагата не можеше да му се задржи во погледот. 10.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Победник во борбата со потсвеста, ќе навлезам во магичен свет, за да го објаснам, лажното гушкање на индивидуите...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Се уплаши како ќе ѝ го објасни тоа на Марија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Борхесовиот агностицизам се покажа како уште една фикција?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Владислав Ходасеевич го објаснил тоа со конгенијалноста на авторот кон очекувањата на публиката; Набоков како да извршил некоја “социјална порачка”: “Ако само нему (на гледачот - Иван Толстој) му предложите драма, која не бара толку голем напор и во исто време е уметнички квалитетна, кај гледачот ќе постигнете несомнен успех”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Нашиот општествен модел на машки геј-субјективитет ќе мора некако да го објасни тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Без оглед на длабочината на тие искуства, великодушноста но исто така и силовитоста (не можете да го замислите тоа) со кои се сретнувам таму, она што е значајно за мојата работа се одвива на други места, вон Европа, во Европа и, на пример, да, во Франција. 4Досега имате објавено многу книги.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Британските политички кругови се обидувале и се обидуваат тоа да го објаснат со тоа што во јули 1940 година движењата на отпорот во Европа се сметале за тајни армии и нивните активности биле спротивни на законите на војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Нема сомнение дека човекот може смислено да се прашува за односот на речениците во даден јазик и она што тие треба да го означуваат, и не сфаќам зошто ова прашање не би можело да биде генерализирано, така што темелно би ги испитале општите услови на изрекување на можниот факт. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 59 A.C.GRAYLING WITTGENSTEIN’S INFLUENCE (втор дел) Дистинкцијата помеѓу акциденталното, механичкото и интелигентното следење на правила почива врз припишување или одрекување на поседувањето на содржински когнитивни состојби на оние кои ги следат правилата, а тие ни овозможуваат да проговориме за овие практики и за она што нив ги објаснува во рамките на пошироката проблематика на опишување, предвидување и објаснување на интелигентното однесување воопшто.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Именуваната Цвета Басотова всушност сметаше дека мојата интервенција е единствениот начин да си го поврати овој домашен раритет.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И ова Камилски ќе си го објаснува во духот на европското интелектуално јаничарство...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А не знаев тоа чувство да им го објаснам на другите луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Токму тука требаше да се бара.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тоа можеш само ти да ми го објасниш! Тоа му го реков.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мирисите на старо во просториите, миндерите, долапите, резбата на таваните, долапчињата, синиите и другите старински предмети, го натлачија Сликарот со необично чувство, кое не можеше да си го објасни.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А погледот вели: „Ќе му подместам“. Тоа е штедење во изразувањето. 136 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Малкумина луѓе знаат да се одбранат од нив: повеќето чувствуваат дека нешто чудно има се случува, но не знаат да си го објаснат тоа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
На врв на сѐ, католичкиот свештеник во својата беседа рече дека бил со Борхес ноќ пред овој да умре, го исповедил и му дал простување на гревовите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Катиното живеење на кулата Толе не можеше да си го објасни инаку освен дека се потурчила.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
МАТЕЈ: Има да го објасниш принципот. БОРИС: Како прво и прво хигиена. МАТЕЈ: Ја миев косата секој ден.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Посебен, поинаков и посамосвоен облик на театар претставуваа различните форми на наслојување на повеќе поединечни, самостојни дела поврзани со некој заеднички елемент на структурата (најчесто со ритмот).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според тоа, нема ништо загадочно во поглед на нашиот капацитет да ги разбираме правилата онака како што тоа го објаснува вообичаениот интенционалистички модел, бидејќи ова објаснување на расветлувачки начин се поврзува со другите, погенерални објаснувања на нашите способности, особено способноста за препознавање на обрасци, за правење споредби и повлекување дистинкции, за сеќавање, за точно репродуцирање на самите себеси, и за креативно варирање на сопствените практики.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На преголем број од толкувањата кои штотуку ги изнесов заедничка им е склоноста пребуквално да го објаснуваат изборот на материјалот на машката геј-култура и така со образложенија да му ја намалат важноста, наместо да го разјаснат, па во нив се заборава важната поука што веќе ја научивме: она што геј-мажите го сакаат кај своите негеј-културни икони е токму фигуралноста на тие икони.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еве како тоа и го објаснил преку примери. Ги зел за пример изборите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Навистина ќе го сториш тоа? - го погледнав изненаден, дури и исплашен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неговите спори трепкања и речиси умртвени движења те доведуваат во состојба на рамнодушност и ТИ само сакаш да се препуштиш на сонувањето - она што никој не може да ти го објасни од каде доаѓа и зошто токму така изгледа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
- Те дрма пубертетот, Бреза, тоа ти е тоа, лутела – нелутела, исто ти се фаќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И, обратно, што е тоа во геј- идентитетот што го објаснува присвојувањето на овие дела од страна на гејовите?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, треба да се каже повеќе пред да можеме сосема да разбереме од каде тоа Џоан Крафорд почнала да им служи на некои геј-мажи како заменски идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во овој момент треба да се спомене дека ваквото изложување на боите (cauda pavonis, паунова опашка) на Посветеникот му ја најавува непосредно претстоечката синтеза на сите одлики и елементи што се соединети во Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Својот систем Бекон го објаснува вака: „Шифрата го има тоа својство билошто да може да биде означено со билошто“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но, овој пат, немаше сили ни да се противи, а уште помалку да го објаснува тоа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како ќе ми го објасните последното доаѓање на таа жена? Последното...?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
А тоа Јован Акиноски вака го објаснил: Крушата значи живот, зашто крушата има облик на земја, то ест зашто земјава не е тркалезна ни рамна, како што учат едни или како што учат други, туку има облик на грлеста круша, па кога ќе падне крушата на земја, значи крај на животот, значи изедначување на животот на земјата - од земја јеси и земја се сторуваш.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Погрден е, на еден или на друг начин, и за жените и за геј-мажите, затоа што го пренебрегнува она што ги разлачува едни од други и затоа што не им ги признава субјективните особености, а тие, најпосле, се оние што ги удриле темелите на можноста за вкрстена идентификација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се мисли ли на владетелскиот култ? Но, владетелот нема право да господари со свеста ниту да ги уредува мислењата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И такво какво што го опишувате самото езеро што еден од вашите браќа го слика на ѕидот во вашиот нов дом крај реката Вардар во Скопје, се чини дека е обид да се оживее душата на езерото во новата татковина; и во истовреме, според нивните сугестии и коментари, се чувствува дека сите кои учествуваат во создавањето на новата фреска на ѕидот сакаат да ја видат во ова езеро татковината на нивната душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сепак, како што прв би признал Адам, и како што укажува неговото подоцнежно творештво, премрежињата на инфериоризацијата и абјектноста не го објаснуваат докрај и не го исцрпуваат значењето на појавите што се обидувам да ги истражам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сега тој, кога внимателно ги ислуша, сето ова им го објасни.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Тоа ако посакате, бароне, би можел подобро од мене Платон Николаевич да ви го објасни“, одговори Лебезјатников.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На инаетот и неговите деривати како злобата, зависта омразата, се спротивставува севапот, со неговите деривати како чувството на возвишеност, добрина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа бара попо дробно расчленување на нештата, и можеби еден ден ќе се обидам тоа да го објаснам.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А не може ни несвенливата геј-склоност кон кампски препрочитувања на хетеросексуалната култура да биде само одраз на некакво неостварување геј-гордост и на неизлечливите ефекти на општествената доминација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Впрочем знаете и од порано дека зборот е самиот човек, кога човекот ќе го снема во некој од идните денови зборот ќе го објаснува и него но и времето во кое е создаден, укажувачки истакна професорот Седларски.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сакаше да мисли дека бил...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само што не сакала или не умеела да ти го објасни тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Единственото нешто што би можело да ме натера да се дружам со неа е тоа „нештото ѓаволесто” што го забележувам, а не умеам да го објаснам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Меѓу механизмите за справување со општествената доминација за кои Адам сметал дека им се заеднички на разните угнетени групи што ги проучувал беа и оние што ги нарекол „бегање од идентитет“ и „внатрегрупово непријателство“.440
Овие фрази упатуваа на општествените и на индивидуалните стратегии преку кои припадниците на угнетените групи гледале да ги смалат личниот цех и психолошката болка на општественото отфрлање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, овој модел сé уште не го објаснува отсуството на притисок во централниот дел.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Татко ми се обиде со погодни зборови да ѝ го објасни на мајка ми сето тоа за да го одложи денот за купување коза.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сосема е јасно дека Твојот текст за Елен Лејбовиц и не можел да се опредмети, да се запише, поинаку освен како епистоларен роман: сосема старовремски и (оттука) зачуден книжевен жанр со кој, сигурна сум, не си дури ни помислувал дека ќе се плеткаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Објаснете, објаснете!“, се слушнаа гласови од сите страни.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но сè додека во детали не дознаеме како е тоа можно, материјализмот (физикализмот) не ќе може да го објасни проблемот дух-тело, туку само ќе претставува ветување за можното решение.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сепак, за творец на хепенингот се смета Алан Капров, еден од уметниците кои учествуваа во работата на Кејџовата класа во New School For Social Research (1958...).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- Не слушај го, блада - се обиде Денко Самоников да ѝ го објасни однесувањето на пријателот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во нивните разговори имаше нешто што зборовите немаа моќ да го објаснат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Еве многу компликации за една проста историја околу адресите, но морав да ви го објаснам сево ова.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)