Не се помести да не би да ѝ го обеспокои рамномерното дишење. Милото момиче заспало...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Првин ја создал светлоста, но таа станала горделива - и тој создал мрак; кога и тој станал горделив - создал сон; кога и тој станал горделив - создал неволи за да го обеспокојуваат; а кога и неволите станале горделиви - создал смрт за да ги избрише...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Парацелзус бавно изусти: – Патот е Каменот. Појдовната точка е Каменот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Знае тој, знае и таа: некои ветриња од езерото дуваат бесцелно, колку да го разбудат хорот на жабите во трските, да ги разбуричкаат алгите на минливоста и да го обеспокојат крајпатното цвете.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Кога се сврти, забележа дека во левата дланка стегаше роза. Розата го обеспокои.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)