го (зам.) - обвини (гл.)

Стравуваше да не го обвинат за заживување на отоманското царство, и покрај тоа што Ататурк го предизвика неговиот пад.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но згреши ли тогаш помила му е секаква заблуда зад која може да ја сокрие грешката од колку и најголемата вистина, што го обвинува!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој не сакаше никогаш да го обвинува својот народ, колку што сакаше да го разбере.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И чудно како, но и покрај тоа што со свои очи видов и гледам, сепак немам ниеден аргумент со кој овој ремнав човек би го обвинил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа беше се уверуваше и се чудеше зошто не го обвинува лекарот со студена распламнатост во ноздрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И така сѐ до смртта на долниот бабар, една од најубавите епизоди на нашата фолклорна ризница, во која телото на умрениот бабар симболички се распарчува; претходно, гатачот го обвинува домаќинот за смртта на бабарот: „Алему бале, пците му го клале, кај тебе ата ме најде, штета ми се штети, здрав го доведов другаров, а овдека мртов падна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А помошта на гемиџиите тој им ја дал точно една година подоцна, во април 1902, кога немал никаква функција во Врховниот комитет и кога никој не можел да го обвинува за проневера на народни пари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Над нив остануваат голите подадени прсти на гранките да го обвинуваат небото за тешкиот злочин. Дожд, дожд...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Токму тоа и ги збунува критичарите: гледајќи дека Набоков не прави видлива разлика меѓу речта на хероите, не гледајќи ја исфокусираната авторска оценка, тие го обвинуваат Набоков за нејзино непостоење, во негова некритичност кон моралот, во “нерускост”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Наместо таа него да го обвини, што ја повреди толку многу. Ѝ се стори како гласот на судијата да го слуша од многу далеку...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се грчел и како оддалеку да ги слушал призраците на туѓите гласови додека барале од него да го прераскаже настанот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но пред да ги праша дали го обвинуваат кога веќе го сослушуваат и дали можеби тие знаат каде е девојката со 'ржена коса, ја видел Фиданка Кукникова како му се доближува со нишање, валчеста и со блесок на грев во очите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека ја придружува од судницата, чие скалиште го тријат две самопрегорни жени, сонцето им ја озарува светлата иднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Какви и да се субверзивните задоволства во филмот, а сигурно ги има многу, нема човек што може да го обвини за политичка прогресивност. ‌Како што се забележувало многупати, Милдред Пирс не е само класична холивудска мелодрама, добар пример за „женски филм“ и ремек-дело на црната серија [филм ноар] од Ворнер брадерс (барем во кадрирањето).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пелагија ретко го повикуваше Господ, ни за да го обвинува за црнилата, ни за да го моли да пушти малку светлина врз патот по кој поминува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го обвинува, повеќе години по распадот на Југославија, за хазардерски геополитички покер меѓу Запад и СССР со социјалистичкиот блок, за мајстор на византискиот болшевизам, за манипулатор со неврзаните во постколонијалната ера, (особено Египет, Индија, Алжир, Индонезија и други, како и Палестина на Арафат и Тунис, земји на моето служење како југословенски амбасадор) кои сакаа да ја обезбедат историската дистанца од западниот колонијализам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)