По онаа кавга кога Толе и Јошко сакаа да го тепаат Крстета, таа наѕре нешто што никој не го наѕираше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сеќаваш, нешто интензивно се одигрува
некаде ни таму-ни ваму, сепак
нема два оддвоени живота, туку едно
вудвоено јаве
а
преминот е топол, ама молчелив
(не вика - еве ме!
не плаче, туку безгласно лииипа!):
секој има сопствен граничен премин
секој сам си го бара
и го преминува
или само го наѕира оддалеку
а не признава!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)