Како што минуваше времето, нарушениот метаболизам, од болеста, почнуваше да го начнува цврстото тело.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Овде ќе го начнам - рече, одбележувајќи едно место меѓу два јазла кон неговиот потанок крај.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но и под антерија и под кожув крастите се ширеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Плачејќи над нас, паѓам од смеа. Солзите не ги разбудуваат оние што отишле и што не ни рекле збогум и проштавајте.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа живите рани го начнале месото и на другите од куќата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мртвите беа отидени под земја, тој отиде да го дојаде ланското јаболко што го држеше во рака и што го начнал пред да се наведне над мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Спокој на мртвите и смрт на живите. И страв на споулавеност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Демонот на алчноста му го начнал разумот на Богоја Гулабарин ѕверски да се удира по глава и да реве ококорен и со пена на зјапнатата уста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но не знае како да го начне.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не треба некој да ме уверува дека тоа не се одгласите на стравот, бидејќи знаев дека цепутката што го начнала лакот на бирото нема да запре каде што се наоѓа во овој момент.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)