Навистина, кои се предусловите за остворувањето на едно вакво взаемно надополнување?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па иако тие среќници (или несреќници) не можеле да ја објаснат оваа своја способност, сепак можеле да го наслутат постоењето на таквиот механизам!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во нејзините очи прекор: по гласот, по разбрануваниот извик на детето, таа го наслутува неговиот немир, бегање - скршнување од установеното, определеното, измереното, познатото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го наслути. Стои во бел мантил пред здрвените пралуѓе и им објаснува без грч во гласот и во ликот каков е, кој е, каде се наоѓа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но дека и цвеќињата го наслутуваат приближувањето на водите, нема спор!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)