Птицата се сврте кон него, го фокусира шашливиот поглед преку нишанот на својот клун право во неговата глава, па кресна нешто просто и пцостно, го напрчи ветрилото на опашот и навистина одлета, ама не како избркана туку како поканета.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А, ете, нема ни година откако дојде Доста, и ене ја, го напрчи појасот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Она првото што ќе го напрчат секогаш кога ќе излезат на улица се носевите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)