го (зам.) - напои (гл.)

Стојан не се спротиви, ами и ја симна торбата, го извади помалиот ѓум и, по три години, го напои својот драг другар безмера со кравјо млеко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо ќе ти каже тој шмеќар? Шо да ти кажал, те излагал — млеко да го напоиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бре ош, бре дрш, та дури и млеко го напои. И шо ми кажа, знајш?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На дедот Петка да му купи едно рало чели и да го напои.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— He, не, ни на тој век не ти текнуа. И млеко го напои.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имотските луѓе, си мисли, и покрај сè, и покрај вејавицата стигнале да го накрмат и да го напојат добитокот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кузе, кого до крв и безсознание го претепаа џандарите и добро го напоија со рицинус, затоа што на орање на воловите им зборуваше горе- долу, a не пано-като, кога виде како влегуваат Италијанците во селото, истрча да ги пречека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се прашувам, не ли е таа славина која работи секвенцијално, токму онаа што го напојува филаделфискиот водопад.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Го однесов петелот дома, му направив убава кошара, му оградив дворче во кое ќе може да шета и прета, го наранив со пченка, го напоив и го оставив да си го живее животот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Колоната по патот се зголемуваше со луѓе од другите села и се слушаше сѐ поголем рикот на добитокот и се креваше поголема прашина по патот; колоната често се прекинуваше, застануваа луѓето да се напијат вода на изворите крај патот, да го напојат добитокот и да се одморат, да се разладат од јулската жештина , која потпалувајќи го воздухот, им правеше трептежи пред очите; ставаа на главите лисја од лопушки, гранки, 'ржаница за да ги заштитат главите од сонцето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мојата и мисла и желба беше да дочекам момент кога ќе се наведнам над бунарот и кога, место онаа мисла што доаѓа сама од себе за длабокото паѓање, ќе сетам како во душата воскликнува радост над изворчињата што самиот живот го напојуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бедрата му биле крвави од сабји и штикови додека го минувал обрачот на турската војска, и од него како семе на идни диви и неуништливи лозници, паѓале капки - виното, доколку ќе го напоело, можело да му ја обнови коњската крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Попе, не лекувај го со вино, му се сторило дека бегот подвибно вика по него, но тој по неколку седмици, ослободен од велигденските пости сит и напиен, видел дека ждребето е нападното од коњска треска го назобал со трици и го ожеднел и потоа го напоил со зашеќерено вино во кое замешал грст суви тревки и млад, дванаесет месеци сушен пелин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Морам да го нахранам добитокот. Да го напојам. Морам да издржам!“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знаеше дека е доцна, дека мора да побрза да го нахрани добитокот, да го напои, но чувствуваше некаква чудна безволност, па уште дваесетина минути по разбудувањето остана да лежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)