го (зам.) - нападне (гл.)

Брегот постојано го напаѓаат збоднати бранови, со боја на Вардар кога надојдува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Студеникавите септемвриски дни добредојдоа за софијанци, зашто во спарноро лето градот така го нападнаа комарци, што стана проблем како луѓето да се ослободат од нив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ЛЕНКА: И уќуматот го нападнаа! Се борат..! Турците бегаат! Ене ги по сокакот!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
На времето кога некој ќе направеше некоја улавештија и кога сите ќе почнеа да го напаѓаат од сите страни, мајка ми, некако природно, ќе го земеше во заштита наведувајќи ја како олеснителна околност реченицата – сè во свое време: и улавештии, и умнештии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сѐ ВО СВОЕ ВРЕМЕ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Само, ви се мола на обајцата, да си го држите зборот. Бесата бес, шо велаат Арнаутите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, море, ако свршат работа тие, како ќе се јавиме — јавиме, па и нека не обесат нас, туку да не излезе и нивната како нашата, та да не не збере никоја — пак песимистички проговори Пере, ја наведе главата и длабоко се замисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако се извести за се, па и дека куртули еден, ги развлече устите и процеди преку заби: — Нека остане некој за семе! — ја собра војската и замина за Дуње, наредувајќи му на коџабашијата да ги закопа отепаните комити „да не се свампират" и да го напаѓаат селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе си дојдам утре сам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но тој немаше наумено да го напаѓа сега сам мудурот и јузбашијата, оти тоа сега не му требаше, но им порача по колџиите да не го вознемируваат и тие него, како тој што ве ќе га вознемирува нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
—Не сакам да ми помагаш, море, токо да не те лаже ѓаволот да ме издадиш, та за помагање нема што да ми помагаш ти мене, кога ни сам не можиш да се поможиш, — му одговори остро Толе и пак го нападна што беше причина баш тој — Бешот — Толе да влезе во Организацијата и да земе учество во борбата, која по трагичниот свршеток се претвори во црни резилаци и срамови, од кои еден дел и Толета го притискаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тие се, тие, нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите — му се испушти и на Ацев радосен извик, макар да беше притиснат и тој како Перета од денешниот неуспех.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока: — Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога тие се вратија и си ги побараа тие работи, некои од останатите им кажаа дека Толе им ги зеде, и овие го нападнаа Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе ваќаме со гола рака змиа, нема чаре! — рече Гуцето и ги поведе своите градевци кон витолишките гробишта, откаде требаше да го нападнат селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе пронатепа еден, пронатепа друг, трет, сите него го нападнаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште на вториот ден по Сефединовото излегување, Толе се преметна од запад на исток од Витолиште, и од Жиово му прати порака на мудурот: —' Еве сум во Жиово со сите мои арамии, и ако сакам вечер ќе ве испечам во конакот и кашлата, бидејќи Сефедин со аскерот не в тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој момент Толе, гледајќи ги другарите дека трчаат кон него, се заврте да види да не станал Аќиф да го нападне, но јатаганот се спушти и ја отсече неговата лева веѓа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митра стана снаа на Стоја Цуцулов, а Толе — најстар негов син и продолжија да си живеат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
д) Единаесетата и Дванаесетата македонска бригада добиле задача да ги нападнат комуникациите Куманово-Крива Паланка, а потоа Единаесетата бригада да го нападне Кратово и да премине на Овче Поле, а Дванаесетата бригада да остане во реонот на планината Руен:
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, ако некоја ваша единица мора да остане на заземениот дел од комуникациите потребно е претходно да го известите сојузничкиот офицер за врска така што воздушните сили би избегнале да го нападнат тој сектор од комуникациите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во такво расположение Луда Река се слевала над долината за да го нападне недовршениот мост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но тоа го сторив за да ги повредам; бев сосема свесен дека тоа е исто како кога пишуваш театарска критика да го нападнеш артистот за некои пороци што тој ги има во приватниот живот, а сосема да ја оставиш на страна неговата ролја; но јас имав право на тоа, затоа што нивната ролја се стопуваше со нивниот личен живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гејовите и радикалните настрани си замислуваат дека го напаѓаат тоа статус-кво, но усвојувајќи ја стигмата на женственоста, тие само се сообразуваат со одамна воспоставените очекувања и ги потврдуваат.346 Мејлбренч (тоа, се разбира, не му е вистинското име), изгледа, го ставил прстот на пулсот на времето.347 Неговата книга доби славослови од критичарите на интернет, a неговите сопатници се цела легија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ајде сега од ова гледиште да им се навратиме на италијанските вдовици од Фајер Ајленд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури ни јас не знаев речиси ништо за Џуди Гарланд кога бев помлад.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не би се ни нафатил да му ја кажам на Кевин Авијанс – сјајниот афроамерикански изведувач кој во 2000 г. и во 2001 г. одржа две работилници на мојот предмет „Како да се биде геј“ – иако во 2006 г. веќе не беше во своите дваесетти години кога пред еден геј-бар во Ист Вилиџ му ја скршија вилицата пет-шестмина типови што го нападнаа урлајќи антигеј-навреди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-сензибилитетот е речиси незнајно прифаќање на кастрирачка инсинуација, непрестајно славење на една вековна, обезмажувачка стигма што им се ставала на мажите кои се впуштале во хомосексуални чинови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А границата што сакав да ја повлечам меѓу женственоста и женскоста можеби е граница што за голем број жени нема некоја разлика, зашто ним честопати им е тешко, ако не и невозможно, да ги одвојат двете категории при секојдневното искуство на родот и на родовиот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби не грешат кога лично се чувствуваат како цел, кога мислат дека машката геј-култура им го напаѓа самото суштествување како жени преку своите бујни претставувања на екстравагантната, претерана, хистерична, страдна, унижена или абјектна женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убаво си е да се слави фактот дека „настраните кои имаат дваесетина и помалку години... гледаат дека се горе-долу прифатени каде и да одат“, барем во Њујорк, а најмалку од сѐ сакам да ја обезвреднам таа добра вест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е сексуален идентитет што нема речиси никаква врска со сексуалноста...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку и да е згодно да се застапува – заради обликување на политичка одбрана на машката геј-култура – некаква апсолутно реска разграниченост меѓу женственоста и родовата улога или изведба, од една страна, и женскоста како полова или биолошка состојба, од друга страна, границата меѓу нив честопати излегува понејасна и понехерметичка отколку што човек би сакал, особено бидејќи самите машки геј-културни практики се склони да ја разводнуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Покривањето е прикриен напад на нашите граѓански права“, тврди.428 Понекогаш овие напади не остануваат прикриени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или така барем можеме да заклучиме од следниов исказ: „Мажественоста е одлика што треба да се уважува, да се почитува и да се третира достоинствено.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Зошто човекот го напаѓа злото? Зошто понекогаш е опседнат од него?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не стигнав до гробот божји, туку судбината ме доталка тука зашто коработ ни го нападнаа морски ајдути, дружината ми ја убија и патот тука ми заврши.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секој што го напаѓа нашиот јазик ни е исто таков наш непријател како и напаѓачот на нашата вера.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
РИСТАЌИ: (се обидува да си ги ослободи рацете, потоа со очите им дава знак на Саветка и Антица да го нападнат Илија).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Затоа, навикнувај однапред да се шегуваш со она, што за нашите предци било свето: ништо не е толку блескаво како млад човек кога се шегува со битните работи без да ги сфаќа; со сета плиткост на својот ум, тој тогаш е мил како пудлица што сака да го нападне коњаничкиот капетан и да го раскине на парчиња додека тој рамнодушно си го пуши лулето и не се интересира за нејзиниот гнев.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
2. Штом се подготвиш со овој прекрасен почеток, од кого следуваат сите други правила од кои човекот блеска во општеството, ти треба да отфрлиш некои предрасуди, кои некојпат му пречат на младиот човек да блеска со остроумност. 120 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Предозираноста од лекови почна да го напаѓа нејзиното општо здравје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Набргу потоа, по враќањето на Илинка од град, по ден или два, од Прилеп и од општината од Тополчани во Потковицата достасаа милиционери и агенти и од човек на човек се распашуваа што превел, што зборувал и кого го напаѓал Атанас Дамчески таму, во ридиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Турците, сите наеднаш и во истиот миг и како по заповед се обѕрнаа зад себе и неколку мига останаа така - како да го изучуваа просторот, или како да пресметуваа дали и колку ќе им се исплати ако го нападнат Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но утрото, кога се готвеа за закопот и кога тој, Максим, ја облече свештеничката одежда, неочекувано за сите, Симиќ грдо го нападна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Можеа да го сметаат за будала, да го исмеат можеа, но тоа, да го нападнат како турски загар - ги преврши сите мери.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во секој случај, си мислеше, ако се согласи да му верува, го има потребниот податок, то ест дека никој не е скриен во шумата, како што се соменва, то ест дека нема кој да го нападне оттаму в грб кога тој ќе нападне на Имотот?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ограден со високи камени ѕидови и масивни дрвени порти, имотот претставуваше војнички предизвик за Турците но во истата таа мера се чинеше и неосвоива, па тие не го нападнаа; го заобиколија и дојаваа овдека, во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но таков беше законот во Потковицата, непишан но строг, за сите што молеле на Молитвена Вода никој жив уста да не отвора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе го стасаат волците осамникот и ќе го нападнат, тој ќе заколе еден или два и ќе им избега.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Постојано се крие и дење, за да не го нападне некое од газдините кучиња.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Умре во обичен ден. Рано изутрина, пред да го нападнат мувите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше критичното време за Палестинците кога во Јордан ќе ја создадат нивната државичка во држава, а по терористичките напади на водачите на радикалните крила на Арафатовиот Фатах, Жорж Хабаш и Најеф Хаватмех, кралот Хусеин ќе смета дека чашата била прелеана и ќе нареди Палестинците да го предадат оружјето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арапската легија ќе го нападне кампот на бегалците и ќе бидат убиени близу четири илјади, а ранети дваесет илјади Палестинци...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Една вечер го нападнаа и многу жртви паднаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со молневита брзина се пренесе веста дека каурите од Мариово го нападнале кадилакот, и од сите страни се стече кон него сѐ што беше Турчин во градот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На едно преноќиште насред џаде меѓу Драма и Кавала им се случи и една непријатна случка: Една разбојничка банда од типот на подоцнежните крџалии го нападнаа анот под претпоставка дека шест поштенски коли, чувани од толку сејмени, носат некакво царско азно (арач) собрано од битолскиот, јанинскиот и солунскиот вилает.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мојот покоен маж еднаш сакаше физички да го нападне еден пациент, затоа што, наводно, лекарите не ја спасиле навреме неговата жена.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Седнаа крај мангалот да се греат и Бино почна да го напаѓа Дима што се погрчи: — Зошчо бре, Димо, зошчо го направи баре ти тој магаршчилак?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море го направи, Доле, кусур господ да ме направе, токо којзнае шо ќе речат виа орјатки — еснафките; којзнае дали не ќе ми се сторе некој ќодер на чупето, којзнае, само меѓу волку машки магарчиња едно женско дали не ќе ми го напаѓаат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Понекогаш на Дејв му беше тешко да се присети дека ова грубо, намуртено суштество кое постојано го напаѓа всушност е неговиот сопствен син.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ноќта лазаретот го нападнаа партизаните и така се најдов тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повторно од високите ѕидови од холот на хотел нè пречекаа наивно нацртаните фасади на црквите што ти го напаѓа погледот каде и да се наоѓаш – крај барот, на рецепцијата, пред некоја од силите за конференции, пред стаклениот лифт или во него додека се качуваш до некој од внатрешните катови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но децата до онаа вечер кога Луман го нападна Мирчета ништо не забележуваа и не му велеа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Австрија потпишала договор со Русија, дипломатите лошо се разбрале, се препиле, левото крило ќе го жртвуваме, непријателот ќе удри по него, а ние ќе го нападнеме центарот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се наведна и рече: - Истрчај до четвртиот вод и кажи му на командантот со две одделенија да го нападне левото крило.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го нападнав со сите расположиви „оружја“: со глава, со раце, со нозе, ...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа беше доволно Борис да го нападне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, сепак “планирале“ да го нападнат грчкиот конзулат!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Решени да го нападнат првиот град на Македонија, напад кој можел да има несогледливи последици и за цела Македонија, имаат ли тие, гемиџиите, право да го преживеат своето дело или, согласно нивната идеологија, се должни да загинат вршејќи ја својата задача.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
65 Во 1901 година Мерџанов и Соков, заедно со ерменскиот револуционер Бедрос Серемџијан, формирале чета и навлегле во Одринско со цел да го нападнат Ориент-експресот и да ја запленат поштата, за да дојдат до пари. Меѓутоа, обидот не успеал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Валијата официјално одговорил дека нередите ги предизвикале егзархисти, коишто, наводно, нападнале неколку муслимани и се обиделе да го нападнат магазинот на барут.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Атмосферата на страв и несигурност ја одржувале постојаните гласови што се ширеле за „решеноста“ на Организацијата да го нападне градот; дека овде-онде се пронајдени бомби; дека Турците пак се подготвувале да извршат колежи и слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Инаку, по наредба на Велешкото раководство на Организацијата, Мечев го нападнал велешкиот трговец Ѓорче Војницалиев, но само го ранил со секира, поради што морал да мине во илегалство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)