го (зам.) - наоѓа (гл.)

„Највеќе уживам да играм во хардкор техно, оти навистина можеш да се изгубиш во ритамот. Брејкс и џангл, со сите тие вокали, ми пречат.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сандерс исто така ги пробал различните други дроги што повремено си го наоѓаат патот во клубовите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако земеш Екстази, веројатно во извесен момент си внел во себе едно или сите овие нешта, бидејќи повеќето од она што Херман го нарекува „срање“ си го наоѓа патот до другите земји (Британија) каде што нема тестирање, па можеш само да претпоставуваш на што си.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Виолетовото значи кокаин, зеленото хероин.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Моето умирање нејзе ѝ е нешто како скришно место кое повремено по правило го наоѓаат брачните другари за оние работи со кои ги комлетираат брачните свињари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Просто гледам како одговорот што го наоѓам ги руши сите филозовски системи наназад како бескрајна низа од карти: една карта урива друга и така со ред наназад.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вака протолкуван, случајот на Крлежа конечно го наоѓа своето место во прилично амбициозната приказна на Кравар за судбината на хрватскиот народ во 20-иот век.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тука го наоѓа снаа му.  „Ќе вечерате ли?“ - го прашува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, не го наоѓа секој своето одмориште на овој начин.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Означувањето на буквите со бои го наоѓаме уште во старите тибетански текстови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По крајот на студирањето женската провинцијалка гледа да се упика за имотен „скопјанец” и по 10 години да се прогласи за стара скопјанка, а машкиот провинцијалец го наоѓа својот роднината од својот роден крај, односно „стариот скопјанец” кој пред 20 години се населил од село во Скопје, но преку дудлање станал директор или шеф у некоја државна институција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Алкохолот може да се сретне насекаде, а често го наоѓа своето место и во самата уметност па така може да го сретнете и во многу староградски, а и новокомпоновани песни како „Пијем на екс”, „Седим за шанком делимично пијан”, „Вино пијам ем ракија”, „Парите ги зеде в меана ги даде” и многу други хитови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Биолозите го наоѓаат хаосот во промената на популациите на инсекти и птици, во ширењето на епидемии, метаболизмот на клетките и ширењето на импулсите долж нашите нерви.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа кај Пармиџанино го наоѓаме конвексното огледало, кај Коменски наочарите, кај Грасиан чудесното огледало кое што, привидно, сето природно го претвора во химерично.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Физичарите го наоѓаат хаосот во движењето на електроните во атомите и атомите во молекулите и гасовите, како и во теоријата за елементарни честици.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога научниците ќе го побараат овој вид на ред во космосот тие најчесто и го наоѓаат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- И не го наоѓаш... Што останало од волците, ако останало, го исчистиле орлите...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа истрчува до станот на синот, но го наоѓа празен, без снаата со детето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Недостигот од течна храна го надоместуваа - наутро, пред да појдат на снимање, по обилниот појадок, со планински чај што сами си го береа патем и сами си го вареа во лимени чапчиња; навечер, кога ќе се вратеа капнати од терен и кога имаа време да си ги подгреат месните конзерви, со по некое шише или балонче вино од непознато потекло, за кое Геро не кажуваше од каде го наоѓа - дали преку врски со магазионерот, дали под тезга од кооперацијата или пак од некој селанец, кој брзаше да си ја доцеди бочвата пред да му ја исуши некоја реквизиторска инспекција или пред да му ја потопи идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Обично се декорирани со симболи како што се Бетмен, петел, атом, јаготка или пингвин каков што го наоѓаме на книгите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нивното потекло режисерот го наоѓа во потпирањето врз англиската книжевна баштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Двапати го тресеше ноќна треска, но со првата виделина повторно го наоѓавме качен на карпата што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја крева главата и во очите на своите другари го наоѓа истото, вечното другарство.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Еве, јас го наоѓам прав Пандета! Не знам што мисли Митре...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
(Бара клуч во палтото и од како го наоѓа отклучува, но кога го подига капакот и некој ризи очите необично ги отвора и паѓа — седнува пред куферчето).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега Фјодор веќе не излегува од својата сукња и од креветот. Ќе пролебдее малку низ собата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Понекогаш неговиот пријател сликар го наоѓа заспан во левиот или десниот горен агол на просторијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зашто се обидував да му ја приопштам онаа хомосексуалност на едниот која – дури и да ја прифатеше или и самиот да ја возвратеше – мора да го спречила едниот од нас да се сретне со другиот на спротивниот крај од преполната соба. (22–23).121 Геј-желбата по правило бара остварување, и го наоѓа, во самотното настрано задоволство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навистина, станал претпочитан јунак во геј-романсата, нормален геј-маж чиј идеален сексуален партнер (по кого трага и неминовно го наоѓа) е друг, ист таков, геј-маж што се однесува и изгледа стрејт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајка му го наоѓа, тропа по заклучената врата: - Отвори ми!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
58. Но се најдоа меѓу ланските членови лица што го наоѓаат за излишно постоењето на такво друштво, зашто немало одделна македонска народност во Македонија, а имало само српска и бугарска, и бидејќи во Петроград имало бугарско и српско студентско друштво, немало потреба за македонско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
53. Овој термин за старословенскиот јазик го наоѓаме и подоцна во речникот на Мисирков ["Македонски голос, (Македонски глас)", II, 10, Петроград, 13.8 1914, 14].
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, за разлика од Иглтон, обете школи го наоѓаат ова за разлог да се сомневаат во корисноста на поимот “идеологија” (барем ако се претпоставува дека значи повеќе од “едно множество од лоши идеи”).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Разбирањето на раскажаното и на кажаното и верувањето во него потоа беа во Божји раце, оти секој има свој пат до зборот кој, всушност, е збор Божји, па таквиот збор Божји сам го наоѓа своето место во секое човечко срце.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И покрај тоа што некои наши драмски писатели, идеалот на драмскиот текст го наоѓаат во отуството на текстот, сепак, сметам дека постдрамската фаза во театарот кај нас ќе задоцни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ почесто го наоѓале како се тетерави пред сурија распуштени дечишта или како спие напаѓан од муви во сенка на циганска плитарска куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што имал продал, што му избројале на дланка испил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тука јас твојот маж го наоѓам за прав: го интересира само Македонија и ништо повеќе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не треба многу - убаво му е кога го скокоткаат зад вратот, кога му шушкаат со хартија, кога ќе дофати нешто што е високо, кога ќе го пушти вовчето како пијано да се влече низ соба, кога ќе ја истури преполната кошница со играчки и сите викаат ’ле-лее’, кога си го наоѓа патот низ тревата и трча, трча, сè подалеку, слободен и сам.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
“Curced spite”, пеколната досада на овој свет, и неодгатливата тајновитост на животот својот највисок израз го наоѓаат во лудилото и во изигрувањето на лудило. okno.mk 231
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Офелија го смета Хамлета за луд, вели дека “благородниот, возвишен ум сега наликува на напукнато ѕвоно”, а потоа и самата запаѓа во лудило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Наутро го наоѓаа папсан крај темелите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа она, што преку целиот ден го демнеше од зад стеблата, а сега можеше да излегува и да му се приближува и тој секогаш наново можеше да го наоѓа сѐ поблиску до себе, спружен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Раскажувачот брзо го наоѓаше со своите внимателни, скриени в сенка, очи божем не обрнувајќи внимание на задевките, потфрлуваше зајадливо: - Жената, пријателе, го бара тоа што ти го немаш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шуркам овде, онде, отворам долапи, камари, ковчези. Го наоѓам в ќевар.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По два дена го наоѓам Дуко Вендија. Во меаната од Доксима Тренчески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пукањето ти станува обично како лаењето на кучињата, како течењето на водата... И таму, во ливадата, го наоѓам Ангелета, ангелот мој златен, со потсечени крилја. Децата се разбегале, ама Ангеле мој не добегал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добро зготвениот, обилен оброк, со домаќин чиишто лесни обиди за забавување се чинеа дека воодушевуваат многу над границите на неговите напори, и лежерната атмосфера за којашто жеднееше Семовата душа, се здружија за да му пружат задоволство и луксузно олеснување на Сем, такво кое ретко кога го наоѓаше на своите тури низ ранчовите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Томи Такер пееше за да добие вечера. Ниту еден вистински трубадур нема да го стори тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во исто време, означува и близнаци, поим што во алхемиската традиција се однесува на Rebis (двојно нешто), па оттаму во огледалото покрај Луна го наоѓаме и она што во него се одразува: Сол.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поврзано е со симболизмот на месечината поради одразувачките и пасивни одлики бидејќи ги прима сликите како што месечината ја прима сончевата светлина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бескрајно скита и никогаш не го наоѓа својот дом. Затоа останува вечно сама и несреќна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Балканвавилонци, во таа смисла е една археологија на балканската лингвистика и историја, и во неа е вклучено навистина знаење колку една библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Својот интелектуален содружник, Климент Камилски, овој Татко го наоѓа сосема случајно, во една партија покер (прекрасна метафора за балканските односи), и во него наоѓа силна потпора за својот животен, метафизички проект: да се изработи историја на падот на империите на Балканот, а причините да се најдат во јазичните супстанции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Назаров наводно покажува разбирање, ја остава Марсиа, го наоѓа Пол и го убива.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Денешната ширум светот застапена расправа за Модерната токму тука го наоѓа своето исходиште.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тлеела долго омразата, и затоа вака си го наоѓа патот, си рече попот Никола.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како ќе го наоѓаме нашиот Марко свеќа да му запалиме?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
13. Во мракот падна уште една ноќ Во самотноста на глувото време што го обвива истечува семето на светот Ни деца ни внуци Само здивот и дланките негови оставиле траги од невени во иловицата на стиховите Отсутноста негова зборува дека дури се денат деновите во пазувите на ноќта тој постои И земјата што заоѓа во темнината подгонета од стожерот свој местото си го наоѓа пак во светлоста на вселената своја И да се развее песната негова како лисјето како песокот катот ќе си го најде во луѓето како водата како ветерот И колку страдалничко да е сеќавањето на гибелта ќе зборува за животот еден и в смртта кога во мраката ноќна огреваа сртовите низ една болка болка
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тој ден е интересен и по тоа што братучедот од Битола, Ристо Маџирчито на тета Виша, на пладне, по часовите, го наоѓам кај нас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На крајот, секој си го наоѓа своето место под ова небо, најголемо на светот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Запаѓал во очајание и удирал со главата во ѕид, во дрво, во сè што ќе му се најдело пред него. Го наоѓале раскрвавен, премален.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Хегел во таа логика го наоѓаше и клучот за разбирање на сите појави.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Кога му беше тешко среде книгите и не го наоѓаше саканиот излез, тој излегуваше на чардакот и ја бараше реката како патоказ на судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во екот на војната, таткото во проучувањето на јагулите во Струга го наоѓа оправдувањето на своите мечти за емиграција, но од Балканот на XX век, трансформиран во лавиринт од конфликтите и појавата на непреминливи граници, веќе не се емигрира, човек се врти во круг, се загубува, и семејството ветено за Америка, запира во Скопје, главен град на Македонија, на брегот на една река, Вардар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А тесни се вратите и тесен е патот што води кон животот и малкумина го наоѓаат.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А Тате стоеше беспомошно, се обѕираше долж собата како да бара одговор, но никогаш не го наоѓаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Помислува тогаш дека е многу лесно некој друг што во својот џеб го наоѓа неговиот телефонски број, да го има истиот проблем.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од малечко го имаше одгледано на реце, заедно спиеја, заедно шетаа, го учеше да го наоѓа кога тој ќе му се скриеше, го учеше да моли, да „служи“, да скока по предмети што ќе му ги фрлеше, да препливува преку реката, да скока преку ограда, да душка по зајаци.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Жените во играта го наоѓаат задоволството во флертот, навестувањето на забранетото овошје.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И покрај постојаната политичка борба во Сенатот, секојдневните подлости на политичките соперници, тој во Политиката го наоѓаше сублимирано токму разнообразното задоволство на својата култура во која трговијата, измамата, вештиот збор беа и опстанокот и уметност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Новодојдениот тука лесно го наоѓа влезот а којзнае дали некогаш ќе сфати дека излез нема.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ќе копнеам по твоите очи и ќе верувам во едно среќно вљубување , затоа што вистинската љубов си го наоѓа патот кој води до саканите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во ноќите осамени се сеќавам кога ги соединивме нашите души и секој пат беше ново, неоткриено, возбудливо, слободно, возвишено и посакував да трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите еден ден ќе ја запознааеме болката и некои страдаат секој ден, секоја ноќ, секој час, малце по малце, и не се предаваат, се борат со злото, искушението и неспокојот и го наоѓаат својот пат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, моите чувства беа силни, на моите слаби рамена прометејски го носев товарот на тагата, но успеав да се исправам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа мисли пораснал, станал Христос. Го наоѓа во секој град. (На Михајло) Овде си ти.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кај ти е писмото. (Киро го бара) Ти реков да го носиш со себе. (Киро го наоѓа) Читај!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Бидејќи преводот доаѓа после оригиналот и бидејќи значајните дела никогаш не го наоѓаат нивниот предодреден преведувач во времето на нивното раѓање, тој го карактеризира стадиумот на нивниот опстанок (Fortleben), овој пат попрво како продолжување на животот одошто живот по смртта.* Така, за Дерида и Бенјамин, “оригиналот” секогаш содржи друга структура или форма - “сцена” за идно преживување - дури и самиот текст никогаш да не е преведен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Пешачат под поцрнети гранки, го наоѓаат патчето со мазни камења до гребенот којшто води до еден железнички премин.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е мост преку реката Снејк направен од железнички спојници со празнини помеѓу нив и Margina #32-33 [1996] | okno.mk 165 со шини на центарот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така преминуваат на другата страна на Снејк каде наводно има добра риба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој малку тажно, или само мене така ми се причини, се насмевна и рече: - Кутриот Борис, постојано се враќа во своето детство, затоа сѐ таму го наоѓаат кога ќе се загуби.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
При секое влегување во даскалницата, Петрета го наоѓавме со камена плоча на скутот како ја глода со тоа едно максуз направено чеканче за кошање камен.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Јас го наоѓам во твојот глас“, му рече таа. „Обиди се да го најдеш и ти“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тешко ми е и тешко престапувам, одвај си го наоѓам здивот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)