го (зам.) - намести (гл.)

Спринкл таа сцена ја нарече ‘Јавна објава на цервиксот’.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека беше наведната во незгодна поза за да го намести спекулумот, таа се шегуваше и им се насмевнуваше на гледачите објаснувајќи дека секој што сака може да дојде до работ на сцената за да го види големото шоу.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Саве пипа по таблата, установува која фигура му е земена и вели ладно: - А, баш ми е гајле, си ми го зел топот, еве има друг топ надвор, ќе го наместам него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе го турка Арслана од мудурскиот стол за да го намести Тренков или некој друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од црквеното кале го дочека Расимчауш со педесет мамзери, а Толе го фати калето од Врвцовци и ја заврза борбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во една прилика заборавајќи да го намести своето дилдо се случи фекален дебакл и целиот 24 миљонскиот аудиториум беше сведок на буквално подкакување, но тоа не беше пречка да ја назначат за водител.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Утрото ѝ раскажува што божем сонувал, додека таа се труди да го намести работ од чорапите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Им нафрла сено, слама, царевиње, убаво го намести капакот, па слезе долу да им ја распореди храната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И дури откако сите другите седнуваат тој го наместува сотлчето до Костадина Дамчески и, некое време, како да се двеуми дали да седне а потоа, кога седнува, свртен со лицето спрема Лазора Перуноски и испулен во него в скут ја држи тутурката и молчи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа го наместува столчето на зарамнетото и седнува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чомлекот, на пример; редовницата уште одвечер ќе го наполни грнецот со дробенки од гоедско месо, само удина, ќе стави многу кромид, цел грст налупени чешниња лук, една рака суви везени пиперки, црна пипер, сол, две-три дрвени лајци сало и ќе го поклопи; околу наоколу поклопот убаво ќе го залепи со тесто за грнецот, за да не туши, и така спремениот грнец ќе го намести на огниште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
То се накашла и го намести наметнатото палто слизнато од едното рамо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Петко го намести кутичето и го покри со земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потем Филозофот му го врати прстенот на раката, на прстот му го намести, и рече: „Прочитај сега пречесен, што вели словото од прстенот твој“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислеше дека Дјуган одамна се има откажано од намерата да го намести.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Го натапкав снегот, го наместив детето зад него и почнав да го обликувам, а го заробувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Уште со првото утро, Сликарот почувствува немир, чуден творечки трепнеж, кој го влечеше кон ателјето, и кој го намести штафелајот и да ја подигне четката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ќе затоплеше, најмалата, тета Дитка го изнесуваше телевизорот на западниот балкон, ќе го наместеше во насока на зајдисонцето и наметнувајќи се со ќебе, се впиваше во волшебниот екран.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Луд, лут, лесен, сите зборови за кои мораше добро да си го намести јазикот за од устата да му излезе македонското л, а не она неговото, мекото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа траеше сè додека не го намести и последниот од тие шест преостанати трупци пред челичната пила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа Арсо си го наместува окото на малото дупче од книгата што го покрива прозорското стакло.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И Јон ќе ме погледа, погледа, па ќе го земе кандилото и ќе појде кај Доксима Тренчески да му тури газија, да му го намести фитилот. ***
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со живот да даде бог!... (Василка ја зима чашата со мед и ѝ ја поднесува на Антица, која зима од медот со показалецот од десната рака и три пати прави крст озгора над вратата, од надвор, поткачена на едно столе кое и го наместуваат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дежурниот ѝ донесе столче и го намести крај малата маса наспроти Крумета.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Братучед ми Мурад посегна кон своето стапало. – Што? – згрме тој. – Повикуваш ли еден член од фамилијата Гарогланијан да краде?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој седеше под една праска, обидувајќи се да му го намести скршеното крило на еден клукајдрвец кој не можеше да лета. Й зборуваше на птицата. – Што е? – рече тој. – Фармерот, Џон Биро, – реков јас. – Ја посети нашата куќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една старичка буташе внимателно по правлиот тротоар старовремска детска количка полна со компири, неколку деца шутираа корка од лубеница, едно црвенокосо момче се мачеше да го намести на запчаникот на својот бицикл откачениот синџир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Доста е шо ќе си го наместиш чупето да ти и миросуа коските!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата се растрчаа и набргу имаше сѐ што требаше за една леса врз која го наместија дедо Костадин и врз рамењата на Танаско, на Друже Србине и на некои други, му ги прошетаа очите по бистрото и сино небо од станицата сѐ до куќата на која не требаше да ѝ се отвораат вратите и прозорците оти уште од кога замина бабата Петра тие зееја со пустошот во себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Или тоа паднало по него, но тој не се вратил да го намести.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога влегоа во варницата Шишман го извади кутивчето, го намести камчето внатре, но го држеше в раце да не тропка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Четниот писар дојде со стол, го намести под знамето каде што му покажа капетанот, го извади моливот и готов за пишување зачека.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Трајче излезе надвор, а Тале му го намести на коњчето самарчето и праша: - Како се вика татко ти?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од џебот извади огнило, кремен и трат. Тратот го намести на кременот и почна да чука со огнилото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Тоа стори го, она донеси го. Ама, не тука! Ваму несмаснику! Така. А сега, тргнете се за да го наместам“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Најдобро е да те одведам дома и да го наместам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кирче го зеде ќесето, извади од џебот весник, откина парче, го намести меѓу палецот и показалецот на десната рака и со левата нароси тутун.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Атина ќе му го намести столот и уште долго време ќе стои зад него, замазнувајќи му ја косата што си ја разбушавил при вадењето на капата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врз асурата во гробот го фрлија кетинот со кој беше завиткано телото, а врз нив ја нафрлаа тргнатата земја и го наместија гробниот камен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Остави задужбина да се изгради саат-кула и во Скопје, да се доведе, пак од Сигет, некој добар мајстор за овие работи, тој нека се плаќа добро, ама да го намести саатот врз саат-кулата како што треба, и притоа тој да отчукува и модерно, не само по турски, туку и а ла франка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)