го (зам.) - намами (гл.)

Првата работа што му падна на памет беше некако да го намами кучето во некоја просторија и да го заклучи внатре.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вртам околу куќава, оставам миризба од себе пу земјата за да го намамам тој мојот непрокопсаник да не го одмине градов или Македонијава, така, нели?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Секој можеше да поверува дека таа испливала од сините морски длабочини - зашто во неа имаше нешто што го имаа сирените, имаше нешто подводно во целата нејзина појава - како да дошла од длабините на некој злокобен свет за да го намами и да го изневери, и откако го направи тоа, сега сакаше тој да го изеде тоа неверство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
1. Насетување на бескрајот Кога ќе надојде плимата ко висок крвен притисок ќе го намамат да продре во копното ко во жедно грло, похотлив утерус да се исцица, да испари, да потоне ќе дотурат маја да престаса, да прекисне, да претече ќе го сведат на стогови солени зрнца она кое било несводлив нескротлив промискуитетен бескрај маслото од макеницата истапкана од брановите кревките ластери на лилјаните белузлавите маркери растворените минерали, миризливата пареа флуидната пена, млечните заби лижавчињата, ларвите, планктоните...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една Инес, на една тетка Лина, еден ден го намами да ја брка низ училишниот двор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, и тој, машкиот чувар, умее да го намами Едипа кон горе, обезбедувајќи го трагичарот да не потоне во подземјето на сенките.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Му го намириса итрата лисица јадењето и го намами во шумата, демек таа имала поубаво јадење да му даде.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој си помисли со итрина да го намами зракот и така да го фати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)