го (зам.) - надитри (гл.)

Сепак, тој направи повеќе обиди служејќи се со разни итрини, но мораше да сфати дека нема да може да го надитри.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
-Ако си добар со сомнежот, тој ќе биде мирен, нема да ти напакости, нема да ти стои на патот кон твојата цел! – се смешкаше старецот, под мустаќ, бидејќи го надитри својот соговорник.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Што да правам, како да го надитрам овој волшебник?“ - размислуваше Малчо, сакајќи да ја искористи неговата волшебна сила на најубав начин.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако се обиде некој зад грб да го надитри, тој гризе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да го надитри старецот: - Сакам десната рака да ми биде обична, а левата рака нека си остане волшебна - рече.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во збиените часови на потерата, бегалецот ја исфрла последната и за себе неочекувана, карта... ....оттаму „обичноста“ на чудото со помош на кое јунакот на бајката успева да го надитри гонителот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Уште еднаш да го надитриш времето, за да не знае кој ден е денес...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)