го (зам.) - набере (гл.)

Од сите до лудило ја сакавме: Терзии, браќа, терзии, Ај, сошијте ми бел фустан, Без ножици да го скроите, Без конец да го наберете... Ја почнуваше Донка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Босоного момче го набра и си закити коси.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога доаѓаше до зборовите „Без конец да го наберете…” се одгласуваа машките гласови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Рангел го набра лицето в презрива гримаса и го допре Коча со рака, дека овој беше замислен и загледан надвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ми треба една соба, му реков на човекот на рецепцијата загледан пред себе. Го набра плиткото чело над очите и ме погледна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)