го (зам.) - мете (гл.)

Работеше сѐ што беше потребно - готвеше, переше, крпеше, го местеше креветот, го метеше подот, бришеше прав од плочата над каминот - секогаш мошне бавно и со чудно отсуство на секаков вишок од движење, како восочна кукла што се движи сама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По месец два си проговорија за првпат кога го метеа училиштето и Крсте веќе имаше смелсет дури да побара и молив од неа, кога еднаш му се поткрши неговиот на часот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ЕВТО: Цел живот! Го метеше манастирот денес! РАЈНА: Го метев.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таа го метеше училишниот двор, зашто беше сиот прекриен со паднатите пожолтени лисја.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Маалски обичај беше, уште од памтивека, секој да си го мете градинчето пред куќи, макар што тоа беше отворено за минувачите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ме нашол во дворот што го метев секој ден легната со висока температура и во бесознание.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со газијарниче в рака, клисарот стрико Мијале, мало и бело старче, го метеше камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)