го (зам.) - мати (гл.)

СУДБИНАТА: Ти си само заблуда што го мати човековиот ум.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Друго е кога од горе го гледаш езерово, друго е кога блесокот на водата ти го мати сјајот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Преку него таа ја објавува вклученоста во претставата и ја изјавува оценката за она што и го мати или бистри погледот, то ест за она што и ги масира ушите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Скрши глава - промрморе Бојан, налутен на ветрот кој му го матеше убавото расположение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во масата на разулавена толпа, гласот поединечен се гуши, само збрка од шумови и врева умот што го мати.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
А ти, како ти е, името, бре, што по цели денови клинкаш де ваму, де таму, место да седиш во бараката како што седат сите падавичари, и ти како овој, муабетиш со војникот и кој знае дали не му го матиш умот! А?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)