Мене, секако, ништо не ми беше јасно, па љубезно го замолив да ми каже што подразбира под тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Момчињата од Америка го копираа кокни-стилот за да смуваат некоја девојка, а штом ќе наидеа на некој вистински Лондонец, се обидуваа да го натераат да им раскажува што подолго, без разлика што тој раскажува, само за потоа да можат подобро да му го копираат говорот. (...) Работа која отсекогаш сум ја сакал беше да ги слушам луѓето што зборуваат еден за друг - на тој начин ќе научиш колку за оној што се зборува, толку и за оној кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во светата Русија сѐ е толку многу заразено со подражавање, секој го подражава и го копира својот претпоставен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Британските групи како Битлси, Ролинг Стоунси, Гери енд Пејсмејкерс, Кинкс, Анималс, Јардбирдс итн. наидоа и ги променија сите ставови за тоа што е, а што не е во фазон. Tough-big-city-teenage look или Mod и Edwardian.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)