Своевремено Камилски му го позајми овој речник на Татко од кој тој извлече многу поуки, но неговиот пријател не беше го консултирал ниту речникот, а ниту предговорот, па сега се чудеше од каде му се на Татко овие сознанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Решија да побараат мислење од другите републики и покраини, па ако треба да го консултираат и Водачот, за да се стави еднаш за секогаш крај на проблемот Чанга од јужната република.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)