го (зам.) - коле (гл.)

Доста се позадржа со децата. Ја крена тавата, ги смете и нивните ронки, и кога Илко ги истури дрвата под огништето, му рече: — Ајде сега да одиш да го ватиш црниот петел шо сака сестрица Митра да го коле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За тоа, пак, се грижеа Ариф и Злате, кои секое утро ги прибираа ведрата со млеко, мисурките со мед, погачките, шишињата со ракија и го колеа бравот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Притоа му заповедал да го коле несреќникот така што тој, од страв, да почнел да прди, а ако овој не прдел, тогаш четникот, за казна, добивал десет стапови по газ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Е, него, овега, попов српски, го посака Јандре Брсако: рече кога бил на печалба таму, во Србија, видел што прават тамошните мечкари со мечките, па сега овој, попов, да видел што прави тој, Јандре, со српските четници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тоа исчекување да се испечат, веќе и денот фати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така кој пече и ќе го печат, кој коле и ќе го колат, ја! Што ти се чинеше тебе?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вие нема да го колете, туку со пушка треба да му пресудам јас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не стануваа веќе рано и не гледаа на работата со таква волја како порано; добитокот не го војвеа, ниту се грижеа многу за него, туку, како тој да им беше виновен: го тепаа, го колеа, го јадеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој се опираше со нозете на вратата, викаше како да го колат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Многу се радував кога мене ми беше ред за печен копан од петелот што мајка ми го колеше во дворот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така сѐ до смртта на долниот бабар, една од најубавите епизоди на нашата фолклорна ризница, во која телото на умрениот бабар симболички се распарчува; претходно, гатачот го обвинува домаќинот за смртта на бабарот: „Алему бале, пците му го клале, кај тебе ата ме најде, штета ми се штети, здрав го доведов другаров, а овдека мртов падна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Било некако време за икиндија, молитва во предвечерните часови, и се спуштале над нив, сами и изгубени на плитка вододерина, мраќава и есенски дожд, и веќе се стемнило, а Турчинот, во тишината со сосема ретки истрели, го заборавил својот алах: стиска нож и лази кон слепиот проклетник, ќе го коле, ќе ја одмаздува верата и честа на Империјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И дење и ноќе рика како да го колат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Бреза! – вресна како да го колат еден ден, додека јас си чепкав нешто во мојата соба. – Брзо да си дошла ваму!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но една ноќ започна да крчи, да збивта, да испушта страшни гласови како некој да го стега за грлото, да го коле.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Патем ќе го колат, ќе го јадат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
БОРИС: Море кој е како вас. Го колете јагнето, рацете не ви се крвави, го јадете, не ви се мрсни.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Им се изгубил во темницата уште пред да донесат јаже и да го стиснат во обрач на сенки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, додека стоеле беспомошни, и тие и ненадејно смирените раненици, по скинат грлен крик знаеле каде е и што прави, знаеле дека го колел ранетиот што пред тоа пукал во нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во обредниот тек првосвештеникот неколкупати ги исповеда гревовите: најнапред за себе и за своето семејство со рацете положени на главата на едногодишен јунец кој подоцна ќе биде заколен како жртва кон Бога, потоа ги исповеда гревовите свои и на своите свештеници сторени кон светилиштето, Храмот над сите храмови, за што рацете ги положува на главата од јарец кој подоцна исто така го колат како крвна жртва кон Бога и на крајот ги исповеда гревовите на сиот народ со рацете на главата на уште еден јарец, кој натоварен со нив и наменет на злодухот Азазел, се пушта во пустината.  Потем пред очите му игра борбата на свештеникот Мататија и неговите синови, а посебно еден меѓу нив, Јуда Макаби и неговата победа над носителите на грчката духовна окупација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ви кажав како го колев крмакот мој. И кучињата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Прасето од Мил го колеше Дукле.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќе му кажам дека не го колам. Ако биде мирен не го колам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)