Го држеа со потпирање или го качуваа на магаре.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Лето. Сонцето застанато над црквата, Мајка му везе кошулка со распејани цветчиња, Тоа мавта со голите рачиња,се смешка, Гледа во сонот: две светулки го водат за раце и на бело ждребе го качуваат.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Се насобрале генералите, тие сѐ уште биле млади, на носилка ќе го качуваат по кулата царот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ноќта добар дел од патот го има поминато, утре треба рано да се станува, веќе не е малтерџијка, скелињата по кои со една друга жена го качуваа тезгерето со малтер се расковани, зградата веќе има друго, бело лице наспроти црнината што бегалците ја таат во градите, и, за среќа, веќе има работа не во стопанството, туку еве сосема блиско, во фабриката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го пресретнал долу, под Слатински ливади, или поточно малку погоре, пред да почне да го качува Црвен Рид.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се помислив, помислив и ги одврзав кравата и магарето. Го качувам Ѕвездана на магаре и тргнуваме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Првин го качувал на маса, па после на покривот од меаната и на крајот го качувал и на некоја топола.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ѕвездана пак го качувам на магаре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)