го (зам.) - кара (гл.)

И дури другите денови го караше, дури и тепаше што се извалкал многу по реката, та не може да му ги пере парталите, вечерва го покани да вечера веднаш, бидејќи виде дека лебот и сиренцето ги вратил негибнати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но за ум за него и за ум на сите другите, за да не прават другпат такви работи, си мисли, добро е што го караме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Бре што беше, бре како беше, бре што направи јок да се направиш" — го караа Толета другарите, а другите гавази со Ѓузепа на чело веќе го спетлаа со една ортома, на која слугинката на Челебијата си ги сушеше алиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мајка ми се правеше рамнодушна ама беше нервозна и секогаш наосилавена на нас децата; баба ми нешто скришно го караше дедо ми, а дедо седеше сѐ понапикан во огништето со главата наведната и некако свртена кон ѕидот, како чиниш да пушеше кришум од своето луле направено од кочанка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
РАЈНА: Што го караш пак, Симке?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Калија не го караше кога Бошко наеднаш ќе се изгубеше за саат-два, ѕверејќи се низ чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го карам и го мирам Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука се! се огласуваше Петра, ама не го колнеше и не го караше, иако и устата и душата ѝ беа полни со клетви.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
______ 7 Пелагија не ќе се ни сетеше дека наближува Голема Богородица ако мајка Перса не споменеше патем додека пиеја кафенапред во дворчето околу малечкото масиче, додека Пела клечеше пред Мурџо малку потаму на патеката и го караше што не оди да си прошета, таа е веќе голема, ете уште неколку дена и ќе оди на училиште и тој таму не ќе смее да биде со неа оти кучиња, мачиња и други животинки не пуштале да седат со децата, навикни се да бидеш малку са, му велеше и нејзиното гласче одвај стигнуваше до ушите на Пелагија за да ги покријат зборовите на мајка Перса која кажува дека по четири дена ќе биде Голема Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој својата ситничка, дробничка баба Митра може исто така да си ја стави под мишка и да ја носи каде што ќе си посака, а не пак да ја послуша кога го кара.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Па, бидејќи сите зборуваат за него, го фалат, ги опишуваат неговите збеснувања, го караат и го клоцаат, викаат по него, па само се слуша неговото име, славата на Фигаро секој ден расте.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па го карах и го учех себе си да чуват, да не казват љута дума Турчину си нигде...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Чако фрла загребиње и ги прилајува џандарите, јас го карам кучето и им велам: не ве познава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам точно кога го донесе, не думам, ама тогаш многу го карав Ангелета: - Што ќе ни е куче, бре, му велам, кучиња главата да не ти ја јадат!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)