Патем го поткачи еден оџачар отстрана и му го исцрни целото рамо: полна капа малтер се истури врз него од врвот на куќата што се градеше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зоки со машата си го исцрни лицето, а со карминот на мајка си си нацрта смешни извиени мустаќи. Бабата пак не се насмеа.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Брегот на Профим зарамнет со снег; овошните стебла се оцртуваат на снегот како јагленови рецки исчкртани на хартија; нивните крошни напластени со снег, сосем бледо се уочуваат: кога ќе блесне сонцето, им ја фрла сенката на белината од брегот; куќата на Профим личи на некој замок скриен меѓу два снега: еден што напаѓал одозгора, друг што пораснал одоздола; прозорците, отсечени, со една кривулеста снежна линија, одвреме навреме пламнуваат на сонцето како одвнатре да избувнува пожар; од оџакот се исукува тенок чад кој се шири и се распаѓа како црн туш во вода; ако продолжи вака, ти се чини, ќе го исцрни сето небо; кокошките во дворот се фатени во едно богатство, во една паника, исплашени од секирата на Профим.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)